20 Цитати кои истовремено ќе ве насмеат и мотивираат

Мотивацијата не трае вечно, па некогаш ни е потребно само малку за повторно да се инспирираме и да се чувствуваме полни со енергија и добро расположение. Токму тоа малку може да биде некој збор, мисла или цитат кој ќе ја разбуди малата искра во нас.

20-citati-koi-istovremeno-kje-ve-nasmeat-i-motiviraat-1

Инспирирајте се денес и направете нешто добро во вашиот живот, а во тоа сигурно ќе ви помогнат овие цитати кои не само што ќе ве насмеат, туку и ќе ви ја разбудат креативноста.

Секогаш постои причина за да бидете насмеани:

1. „Толку сум паметен, што понекогаш не разбирам ни збор од тоа што го кажувам”.- Оскар Вајлд

2. „Јас сум идеалист, немам поим каде одам, но важно се движам по мојот пат”.- Карл Сандберг

3. „Ако вие не управувате со својот живот, тоа ќе го направи некој друг наместо вас”.- Џон Еткинсон

4. „Кучињата имаат сопственици, а мачките послуга. Дали сте куче или мачка?”- Непознат автор

5. „Не може да имате сѐ. Каде ќе го сместите ако го имате?”- Стивен Врајт

6. „Сите размислуваат за менување на светот, но никој не размислува да се промени себе”.- Толстој

7. „Не го нарекувај светот валкан, само затоа што заборави да си ги исчистиш очилата”.- Арон Хил

20-citati-koi-istovremeno-kje-ve-nasmeat-i-motiviraat-2

8. „Некои луѓе имаат пари, а останатите се богати”. - Коко Шанел

9. „Чиста совест е знак на лоша меморија”. - Непознат автор

10. „Еве еден мал тест да проверите дали вашата работа е завршена на оваа планета: Ако сте сѐ уште живи тогаш не е!” - Ричард Бах

Уште 10 цитати на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg