Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу

Режисерот Вуди Ален ја остави за нејзината посвоена ќерка, а се венча со Френк Синатра кога таа имаше 21 година, а пејачот дури 50. Факти за животот на Миа Фароу.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-01.jpg

Миа Фароу е една од актерките кои доминираа во 1960-тите и 1970-тите во Холивуд.

Можеби најпрепознатлива ѝ е улогата во култниот хорор-филм Rosemary’s Baby, а има освоено неколку филмски награди, вклучувајќи и Златен глобус.

Но, покрај нејзината плодна кариера, Миа привлекуваше и многу внимание со љубовниот живот, особено со бракот со Френк Синатра и бурната врска со Вуди Ален.

Неколку факти за животот на Миа Фароу:

Нејзините родители биле познати во Холивуд

Се чини дека на Миа Фароу ѝ било судено да стане холивудска ѕвезда.

Нејзиниот татко бил сценарист и режисер кој освоил Оскар. Нејзината мајка, пак, била позната актерка која глумела во дури шест филмови за Тарзан.

И нејзините кумови биле некои од најпознатите луѓе од златната ера на Холивуд – Џорџ Кукор се смета за најпопуларниот режисер од овој период, додека неговата сопруга, односно кумата на Миа била познатата колумнистка Лула Парсонс.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-02.jpg

Во детството имала детска парализа

На 9-годишна возраст, Миа Фароу се заразила со полиовирусот за време на мала епидемија во Лос Анџелес.

Ова е вирусот која ја предизвикува таканаречената детска парализа и за кој денес се прима полио вакцината.

Миа поминала три недели во изолација и немала последици од болеста, но вели дека ова искуство го означило крајот на нејзиното детство.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-03.jpg

Брат ѝ загинал во авионска несреќа

По трагичната смрт на брат ѝ Мајкл, таткото на Миа Фароу почнал да пие алкохол.

Ова создало сериозни проблеми во семејството на Миа, а татко ѝ дури и починал од алкохолизам кога актерката имала 17 години.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-04.jpg

На почетокот ѝ било тешко да се справи со славата

Миа ја добила првата поголема улога во сапуницата Peyton Place.

И, иако нејзиниот сон бил да стане славна, подоцна има изјавено дека требало да почека пред да влезе во индустријата.

„Лошо се справив со славата. Можете да ја нарекувате славата убава, но всушност е гротескна.

Сега кога ќе видам млада личност која одеднаш станува славна, се молам за неа, за да не се изгуби“.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-05.jpg

На 21 година се венча со 50-годишниот Френк Синатра

Миа го запознала популарниот пејач кога имала само 21 година.

Тогаш Синатра имал 50 години, но тие сепак почнале врска, а набрзо потоа и се венчале.

Две години живееле во хармонија, но на Миа ѝ здодеал животот како домаќинка, па ова ја натерало да ја прифати улогата во Rosemary’s Baby.

Наводно, на Синатра не му се допаѓало што Миа работи за друг режисер бидејќи самиот сакал да ја најми за негов филм, но и бидејќи сметал дека актерката нема потреба да работи.

bivshiot-ja-ostavi-za-posvoenata-kjerka-3-deca-pochinaa-fakti-za-mia-farou-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg