Животот низ 45 реченици
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Животот низ 45 реченици

На страниците на списанието „The Plain Dealer “ напишана е статија во име на и од страна познатиот автор на бестселери, Регина Брет кога наполнила 90 години.

zivotot-niz-45-recenici-001.jpg

За да ја прослави својата старост таа објавила 45 лекции кои ги научила во својот живот кои ја направиле статијата да биде една од најбараните статии на денешницата.

Ова се тие 45 лекции:

1. Животот не е фер, но сè уште е добар.

2. Кога се двоумиш, направи уште еден чекор.

3. Животот е толку краток што не треба да го трошиш на било која личност која ја мразиш.

4. Не се сфаќај сериозно, бидејќи ниту другите не те доживуваат така.

5. Плаќај ги долговите и сметките секој месец.

6. Не мора да излезеш како победник во секоја расправија. Согласи се на туѓото мислење, бидејќи и двете страни може да бидат во право.

7. Плаќај заедно со некого. Тоа повеќе те лечи одошто кога плаќаш сам.

8. Во ред е да се налутиш на Господ. Тој те трпи и разбира за сè.

9. Штеди за староста, но почести од првата плата.

10. Сакај ги твоите родители, бидејќи многу бргу ќе си отидат.

11. Помири се со минатото за да не ти ја расипува сегашноста.

12. Сосема во ред е да те видат децата како плачеш.

13. Не го споредува својот живот со туѓиот. Никогаш не знаеш каков бил нивниот животен пат.

14. Ако некои односи треба да бидат тајни, немој да бидеш дел од нив.

15. Сè се менува со само едно трепнување на окото.

16. Диши длабоко, бидејќи тоа го лади умот.

17. Ослободи се од сè што е непотребно, убаво или за уживање.

18. Она што не те убива, ќе те направи посилен.

19. Никогаш не е доцна да имаш среќно детство. Но, во второто детство сè зависи од тебе, а не од другите.

20. Ако се стремиш кон нешто што го сакаш во животот, не прифаќај „Не“ за одговор.

21. Пали свеќи, употребувај убави свеќници и облечи се убаво. Ништо не чувај за посебни пригоди. Денес е таа посебна пригода.

22. Добро подготви се па „нурни во водата“.

23. Биди ексцентрична личност сега, не ја чекај староста за да се облакаш шарено.

24. Најважниот сексуален орган е мозокот.

25. Никој нема право да управува со твојата среќа, освен ти.

26. Запомни го ова прашање многу добро: „Дали тоа ќе ти значи нешто за 5 години?“.

27. Секогаш одлучувај да бидеш среќна личност.

28. Простувај.

29. Она што другите го мислат за тебе не е твоја работа.

30. Времето лечи речиси се. Дај му време на времето.

31. Колку и да е ситуацијата добра или лоша, таа ќе се промени.

32. Твојата работа нема да се грижи за тебе кога болеста ќе дојде. Таа задача ќе ја имаат пријателите и роднините.

33. Верувај во чудата. Само така ќе ги забележиш кога ќе се случат.

34. Бог те сака затоа што е Бог, а не затоа што ти си ти.

35. Не го преиспитувај животот. Живеј го сега.

36. Стареењето ја победува алтернативата да се умре млад.

37. Твоите деца имаат само едно детство.

38. Се што останува на крајот е она што навистина си го сакал.

39. Излегувај секојдневно. Чудата секаде те очекуваат, а и сончевите зраци ќе ти донесат среќа.

40. Ако ги споредиме нашите проблеми со туѓите, голема е веројатноста дека ќе сакаме да ги замениме со туѓите.

41. Љубомората и зависта се само губење на време. Имаш сè што ти е потребно.

42. Она најдоброто сè уште не дошло...

43. Не е важно како се чувствуваш. Стани, облечи се и излези.

44. Секогаш допринесувај...

45. Животот не е пакет со панделка, но сепак е подарок. Отвори го и заблагодари се.

Би можело да ве интересира:

Најубавите цитати на Маја Анџелоу: Бидете виножитото во нечии облаци Таа е жена-борец во вистинска смисла, која ги рашири своите крилја за да го прег...
Трите љубовни писма на Бетовен кои ќе ви го стопат срцето Романтиката е повторно во мода, но прашањето е – дали воопшто некогаш престанала...
10 чекори до среќа од руски психолог: „Рутината не е секогаш лоша“ Зошто сме несреќни, кои се препреките на кои наидуваме на патот кон среќата и ка...

Спонзорирани линкови: