Има 170 соби, тајни премини и 2.000 уметнички дела - 10 факти за бајковитиот дворец Пелеш во Романија

Дворецот Пелеш во Романија е се состои од седум градби во кои има вкупно 170 соби. Дворецот има раскошна библиотека во која има тајни премини, како и импресивна колекција со околу 2.000 уметнички дела.

10-fakti-za-pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-01.jpg

Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.

Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.

Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.

Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.

Неколку интересни факти за дворецот:

1. Пелеш е првиот замок во светот целосно снабден со локално произведена струја

Тој располагал со сопствена електрична централа и од 1883 година имал и систем за централно греење.

Исто така, благодарение на струјата, стаклениот покрив во централната хала е подвижен, управуван од електричен мотор.

Посетителите на замокот во летните денови можат да го набљудуваат ѕвезденото небо од оваа просторија.

10-fakti-za-pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-02.jpg

2. Пелеш е комплекс составен од 7 згради

Тоа се: помалиот дворец Пелишор, одаите на чуварите, зграда за почесните гости и вработените на кралскиот двор, ловечка куќа, кралски штали, електрична централа и вилата „Сипот“, каде престојувал архитектот Лиман кој ја надгледувал изградбата на Пелишор.

10-fakti-za-pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-03.jpg

3. Во него се наоѓа колекција од околу 2.000 слики, меѓу кои и дела на Густав Климт

10-fakti-za-Pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-02.jpg

4. Има околу 170 соби, од кои 30 се тоалети

Раскошните соби се уредени според одредена тема во зависност од нивната намена или од стилот.

Според темата, некои простории служат како библиотеки, галерии или канцеларии, а според стилот се инспирирани од различни култури: турска, француска, италијанска...

10-fakti-za-Pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-03.jpg

5. Во него се наоѓаат тајни премини

Најпознатиот од нив е оној во кралската библиотека зад врата направена од полица книги, преку која кралот можел да се движи до разни соби низ замокот.

10-fakti-za-pelesh-romanskiot-dvorec-od-bajkite-04.jpg

Уште пет факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg