Апсолутно непотребни факти 2
Еве и втор дел од апсолутно некорисни работи, кои се ЕПТЕН интересни! Нема да Ви се смени животот воопшто откако ќе ги прочитате, но ќе дознаете нешто повеќе.
Еве одиме вака:
- Кога носорозите се нервираат, нивната пот станува црвена.
- Првиот Harley Davidson мотор бил направен во 1903 година и користел конзерва од домати наместо карбуратор.
- Лавот кој рика на почетокот на MGM филмовите се вика Волни.
- Google всушност е име за број со милион нули.
- Менувањето на позицијата на буквите се нарекува spoonerism. На пример, “Мепублика Ракедонија“ наместо “Република Македонија“.
- Прикачувањето на човековата кожа за мускулите е причината за дупчињата што се појавуваат при смеење кај некои луѓе.
- Има 1792 чекори до врвот на Ајфеловата кула.
- Човековата коса и нокти продолжуваат да растат и по смртта.
- Потребни се околу 20 секунди за една црвена крвна клетка да помине низ целото тело.
- Повеќето фудбалери за еден натпревар претрчуваат околу 10 километри.
- Секој ден 200 милиони парови водат љубов, се раѓаат 400.000 бебиња, а 140.000 луѓе умираат.
- Во повеќето од рекламите за часовници времето прикажано на часовникот е 10:10 поради тоа што стрелките на часовникот така не го покриваат името на производителот (исто така часовникот изгледа како да се смее).
- Colgate (прозводителот на пасти) имал многу проблеми во земјите каде што се зборува Шпански. Имено, Colgate на Шпански значи - “Оди обеси се“.
- Единствените две животни кои можат да гледаат позади себе без да ја свртат главата се зајакот и папагалот.
- Возрасен кенгур може да помине до 10 метри со еден скок.
- Камшикот има јак звук поради тоа што неговиот врв се движи побргу од брзината на звукот.
- Двајца протестанти за правата на животните протестирале пред една кланица во Бон. Одеднаш свињите, околу 2.000 на број, избегале преку оградата и во силен налет ги убиле двајцата.
- Човечкото срце прави доволно притисок да ја исфрли крвта околу 10 метри!
- Бучавата што ја слушаме кога ќе ставиме школка на уво не е звукот на океанот, туку звукот на крвта која минува низ вените во увото.
-->
Би можело да ве интересира:

Филмски цитати кои носат длабока животна порака
„Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...

Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист...
Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...

„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ...
„Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител
„Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот
Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви?
...

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки
Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...