Ја зголемува ефикасноста на некои лекови против болка и уште 7 забавни факти за кафето

Знаете ли дека кафето не само што ја зголемува ефикасноста на лековите против болка, туку може и да ви го продолжи животот?

ja-zgolemuva-efikasnosta-na-lekovite-protiv-bolka-i-ushte-7-zabavni-fakti-za-kafeto-01.jpg

Кафето е најпопуларниот пијалак во светот и се претпоставува дека секој ден ширум светот се консумираат околу две милијарди шолји.

Поголемиот дел од населението пие кафе, и тоа секојдневно.

Но иако веројатно и вие пиете кафе, сигурни сме дека не сте ги слушнале сите забавни факти во продолжение:

Кафето може да го зголеми ефектот на лековите болка

Сигурно веќе знаете дека кофеинот е состојка во многу лекови против болка кои се издаваат без рецепт, а кофеинот е и главната состојка во кафето.

Веројатно поради самиот кофеин, кафето може да го зголеми ефектот на лековите против болка.

Неколку истражувања и го докажале ова – испитаниците кои со лекот против болка потоа се напиле и кафе, забележале дека болката се намалила побрзо, но и повеќе, за разлика од испитаниците кои го испиле само лекот.

Сепак, експертите не се сигурни зошто кафето има ваков ефект.

Само немојте да ги пиете лековите против болка со кафе – испијте ги со вода. 

Дополнително, ова не значи дека кај секого ќе влијае исто, а зависно од лековите кои ги консумирате, важно е да се консултирате и со лекар околу консумацијата на други состојки. 

ja-zgolemuva-efikasnosta-na-lekovite-protiv-bolka-i-ushte-6-zabavni-fakti-za-kafeto-02.jpg

Финците пијат најмногу кафе

Според World Atlas, Финците се народ кој пие најмногу кафе. Во просек, секој Финец консумира по 12 килограми кафе годишно.

Сепак, во овој просек се пресметани и деца, па ако се одземе нивниот број, просечниот Финец пие многу повеќе кафе во една година.

ja-zgolemuva-efikasnosta-na-lekovite-protiv-bolka-i-ushte-6-zabavni-fakti-za-kafeto-03.jpg

Според легендата, ефектот на кафето го открил козар

Кафето првпат почнало да се одгледува за консумирање на Арапскиот Полуостров во 15-тиот век.

Според легендата, козарот Калди е личноста која прва го воочила неговиот ефект. Наводно, тој забележал дека неговите кози биле многу поенергични и не спиеле навечер кога јаделе бобинки од некоја грмушка. Козите всушснот јаделе зрна кафе.

Калди им го раскажал ова на свештеници во некој локален манастир, па тие направиле пијалак од зрната кафе. Откако сфатиле дека кафето навистина им дава енергија, почнале да го споделуваат нивното откритие и со други луѓе.

До 17-тиот век, кафето стигнало и до Европа и набрзо станало омилениот пијалак на многумина.

ja-zgolemuva-efikasnosta-na-lekovite-protiv-bolka-i-ushte-6-zabavni-fakti-za-kafeto-04.jpg

Многу владетели пробале да го забранат, но безуспешно

Во 1511 година, кафето било забрането во Мека поради неговиот стимулативен ефект. Но, забраната била тргната во 1524 година.

Извесен период во 18-тиот век, кафето било забрането и во Етиопија, но ни оваа забрана не траела долго.

Низ годините кафето било забрането и низ други земји, вклучувајќи ја и Англија, но ниту една забрана не опстанала многу долг период.

Интересно е што во повеќето случаи кафето не било забранувано поради неговите ефекти, туку поради неговото социјални влијание.

Односно, луѓето почесто се собирале само за да пијат кафе, а ова им давало можност да разговараат за секакви теми кои некогаш претставувале закана за владетелите.

ja-zgolemuva-efikasnosta-na-lekovite-protiv-bolka-i-ushte-6-zabavni-fakti-za-kafeto-05.jpg

Уште четири факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg