Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вицеви за викенд насмевка 2

vicevi-za-vikend-nasmevka-2-povekjeВелат дека како ќе ти тргне петокот, таков ќе ти биде викендот. А, ние ќе се погрижиме овој викенд да бидете насмеани. Денес на менито - малиот Перица.


За време на училишниот час, Перица се загледал во наставничката и не го тргал погледот од неа. После некое време, наставничката му пришла да го праша зошто ја гледа така.

Перица и одговорил:
- Наставничке, јас вас ве сакам!
- Но, Перица, јас не сакам мали деца.
- Ќе пазиме наставничке, ќе пазиме!

 

Доаѓа Перица дома и го прашува татко си што е трансвестит. Татко му му одговорил:
- Оди кај мајка ти па прашај го!

 

Перица сиот среќен му вика на татко му:
- Тато, тато, најдов 100 евра!
- Дали си сигурен дека некој ги загубил?
- Па нормално, го гледав како ги бара!

 

Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!

 

Ги прашува наставничката децата: Кое е ова време: јас купувам, ти купуваш, тој купува?
На тоа Перица одговара: Време на распродажби наставничке!

 

Наставникот по вероисповест ги прашува децата: Колку долго Адам и Ева биле во рајот?
Перица: До есен!
Наставникот: Зошто баш до есен?
Перица: Морале да чекаат да созреат јаболките!

 

Перица: Но, мамо, јас не сакам сирење со дупки!
Мајката: Добро сине, изеди го сирењето, а дупките остави ги!

 

Перице, како си можел да и кажеш на сестра ти дека е глупава, кажи и дека ти е жал!
„Сестро, жал ми е што си глупава!“

Малиот Перица го прашува татко му:
Тато, како сум дошол јас на овој свет?
Таткото му одговорил: Те донесе штркот.
А Перица на тоа: Е, тато, тато, ти свашта е*еш!

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна компилација: Промашени евтини нарачки од онлајн продавници (како TEMU) Патики кои се распаѓаат додека ги носите, маска за телефон за под вода што пропу...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
12 фото-докази дека некои луѓе не треба да влегуваат во кујна Некој заборавил дека вари јајца, а некој заспал со вклучена рерна – некои луѓе д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg