Лагата не се исплати

lagata-ne-se-isplati-povekjeПеро и Ѓуро тргнале на скијање. Се возеле неколку часа и ги зафатило големо невреме. Се засолнале на некоја фарма и ја замолиле згодната госпоѓа...


...која им отворила врата, кај неа да преноќат.

- Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома - рекла вдовицата.

- Немојте да се грижите, рекол  Перо, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!

Жената се согласила и тие преспале во шталата.

Утрото времето се поправило и Перо и Ѓуро си го продолжиле патот.

Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.

Околу девет месеци подоцна, Перо ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.

Отишол тој кај Ѓуро, па го запрашал: „Слушај , се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?“

„Да, се сеќавам“ одговорил Ѓуро.

„Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?“

„Па...да“ рече Ѓуро, вцрвувајќи се бидејќи беше откриен.

„Морам да признам дека отидов кај госпоѓата“.

„И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?“

Ѓуро пребледел. „Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?“

„Неодамна починала и се ми оставила мене“ рекол Перо.

 

Помисливте дека поинаку ќе се заврши, признајте!?

Би можело да ве интересира:

Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...
16 работи кои се толку лошо изведени, што нема да ви се верува дека некој земал плата за нив (фото) Избетонирани шахти, извиткани цевки, наместена тоалетна школка без простор за се...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
14 (смешни) фото-докази дека не треба да купувате онлајн од непроверени продавници Минијатурни столчиња за во канцеларија, сандали со чудни пропорции и палто со ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg