12 токсични фрази со кои луѓето прават да се чувствувате лошо

„Само сум искрен“, „Таква сум - каква што сум“ - Колку пати сте ги слушнале овие зборови од блиски луѓе? Можеби не сакате да ја прифатите реалноста, но, станува збор за токсични личности кои не ви се наколнети колку што мислите.

12-toksichni-frazi-so-koi-lugjeto-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho-01.jpg

Само токсичните луѓе користат фрази со кои ќе направат да се чувствувате лошо, иако не сте направиле ништо погрешно.

Тие нема да се дерат, да ве нарекуваат со погрдни имиња. Нема дури ни да се безобразни.

Напротив - ќе бидат културни, работите што ќе ви ги кажат ќе звучат безопасно, но во реалноста, нивните зборови ќе ве здоболат.

Овие мали пасивно-агресивни фрази нив им се секојдневие, а вам уште долго време ќе ви одѕвонуваат во главата.

Кои работи ги кажуваат токсичните луѓе за да направат да се чувствувате лошо?

„Сменет/а си“

На прво слушање ова делува како забелешка, но во реалноста, тоа е коментар со кој сакаат да ви кажат: ‘Порано можев полесно да манипулирам со тебе и да те контролирам’.

А тоа значи и дека вие сте пораснале, или едноставно, сте сфатиле дека не сакате некој да си игра со вас.

„Не мислат сите како тебе“

Оваа фраза токсичните луѓе ја користат кога сакаат да го отфрлат вашето мислење, да ве замолчат или кога не им се допаѓа нешто што го правите.

А поради ова почнувате да се сомневате во себе и своите способности и верувате дека правите нешто погрешно.

„Претерано многу размислуваш на оваа тема“

Ова ќе го слушнете кога ќе сакате да поставите некаква граница меѓу вас и токсичната личност или кога ќе почнете да зборувате за работи кои сакате да ги направите (или кажете некому), но не сте доволно сигурни во себе.

Со оваа фраза, токсичните луѓе дополнително ќе пробаат да ја поткопаат вашата самодоверба или тоа е начин преку кој ќе пробаат да избегнат сериозен разговор на некоја тема.

Како да сакаат да ви кажат - не биди тежок/а, не поставувај премногу прашања, твоите проблеми не ме интересираат.

12-toksichni-frazi-so-koi-lugjeto-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho-02.jpg

„Само сум искрен/а“

Оваа фраза е уште еден начин да ве повредат без да го забележите тоа.

Откако ќе ви кажат сè в лице, без грижа на совест, ќе завршат со овој коментар и ќе пробаат да се „оградат“ од кажаното за да не им се налутите за навредите.

„Таков сум - каков сум“

За токсичните луѓе оваа фраза е само оправдување за нивното лошо однесување и знак дека што и да направите, тие нема да се сменат.

„Секогаш погрешно ги сфаќаш работите“

Со оваа фраза само пробуваат да ја префрлат својата вина на некој друг, без да се извинат за грешката или да покажат макар мало каење.

12-toksichni-frazi-so-koi-lugjeto-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho-05_copy_copy.jpg

Уште 6 токсични фрази на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg