Зошто губите интерес за оние кои се заинтересирани за вас?

Ситуација во која сме се нашле скоро сите - нè интересира некој и кога тој ќе почне да возвраќа, нагло го губиме.

ste-se-zaprashale-li-zoshto-gubite-interes-kon-onie-koi-go-pokazhuvaat-kon-vas-01.jpg

Токму во овој феномен лежи и причината дека секогаш повеќе сакаме нешта што ни се недостижни, поради субјективното чувство дека она што ќе нè направи среќни е далеку од нас.

Добрата вест е што не сте сами во ова, бидејќи им се случува на повеќе луѓе отколку што можете да претпоставите.

Всушност, луѓето ги посакуваат оние нешта за кои мислат дека се предобри за нив, било да е тоа „недостижна“ личност, скап предмет или патување кое во моментот не можат да си го дозволат.

Така и во интересот за луѓето. Често љубовта и привлечноста ги мешаме со фасцинацијата од личноста и тоа е причина зошто имаме тенденција да сме незаинтересирани за оние кои се видно заинтересирани за нас.

ste-se-zaprashale-li-zoshto-gubite-interes-kon-onie-koi-go-pokazhuvaat-kon-vas-05.jpg

Возбуда од успех и обесхрабрување од неуспех

Кога нешто сакаме да постигнеме и вложуваме многу во тоа, кај нас се појавува возбуда секогаш кога сме чекор поблиску до целта. Поради тоа, имаме потреба да веруваме дека постои нешто за што вреди повеќе да се бориме, отколку да се задоволиме со она што самото ни се нуди.

Одговорот на ваквиот феномен лежи во биолошката потреба да се најде единка која е доволно силна, но и доволно емоционално зрела, со цел репродукција.

ste-se-zaprashale-li-zoshto-gubite-interes-kon-onie-koi-go-pokazhuvaat-kon-vas-04.jpg

Од каде се појавува недовербата во оние кои „трчаат по вас“?

Многу често, кај поединецот се појавува мислата дека не е доволно вреден да биде сакан и смета дека нешто не е во ред со личноста која е заинтересирана за него.

Со тоа, одговорот на прашањето зошто губиме интерес за оние кои го имаат кон нас, лежи во две причини и тоа: секогаш можете да најдете нешто подобро од тоа што ви се нуди; и несигурноста во тоа колку сме вреди некој да нè сака.

Егото е тешко да биде совладано, но доколку успееме да се избориме со него, како и со несигурноста, сигурно би си отвориле повеќе шанси и би пуштиле во својот живот прекрасни луѓе кои вредат да бидат покрај нас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg