21 потсетник за кога мислите дека ништо во животот не ви оди по план

Доколку го читате ова, веројатно денес не сте онаму каде што сте мислеле дека ќе бидете, или каде што сте мислеле дека треба да бидете. 

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-01.jpg

Ова може да биде навистина обесхрабрувачко. Каде и да свртите, постојано ги гледате другите што носат правилни одлуки и вам ви изгледа како сè да правите погрешно.

Мислите дека досега требало да постигнете многу повеќе и дека не се движите доволно брзо. Се соочувате со отпор и се борите против себе кога сте неодлучни што сакате да правите во иднина.

Но, престанете со ова и соочете се со вистината – сега, во овој момент, вие сте овде.

Доколку сметате дека не сте онаму каде што треба да бидете во животот, прочитајте ги овие потсетници:

1. Луѓето можеби ќе ги истакнуваат вашите неуспеси од минатото, но нивното мислење засновано на нивното судење не треба да ве дефинира.

Сè уште можете да ја промените насоката и да станете личноста којашто сте сакале да бидете. Вие не сте осудени на пропаст, без разлика колку мислите дека сте зад другите.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-02.jpg

2. Доколку верувате дека не сте онаму каде што сакате, веројатно премногу се фокусирате на она што го немате и не го цените она што веќе е ваше.

3. Единственото нешто што ќе ви помогне да се придвижите напред е правењето на првиот чекор во насоката од којашто секогаш ви било страв.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-03.jpg

4. Нема ништо лошо во тоа што не сте онаму каде што мислите дека треба да бидете.

Бидете искрени со себе – дали местото каде што треба да бидете е под влијание од мислењето на општеството и другите луѓе? Доколку одговорот е да, ова само ве спречува да го видите вашиот вистински потенцијал.

5. Плановите од минатото и плановите што другите ги имале за вас не можат да гарантираат одреден исход.

Тоа биле само планови и ништо повеќе. Стравот што го чувствувате сега, во најголем дел потекнува од разликата помеѓу она што сте го очекувале порано и вашата сегашна реалност.

6. Непродуктивно е да барате изговори зошто не сте онаму каде што би требало да бидете.

Наместо тоа, фокусирајте се на она што можете да го направите сега и ќе сфатите дека во животот ве очекуваат уште многу нешта.

7. Неочекуваноста е дел од целиот живот. Сè што не сте очекувале да се случи во минатото имало за цел да ве научи дека животот не оди по план.

Иако ова прави да се чувствувате беспомошно, не треба да ви го трга фокусот од она што го правите најдобро и она што ви причинува задоволство, без разлика низ што сте поминале.

21-potsetnik-za-koga-mislie-deka-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-02.jpg

8. Размислувањето за тоа како изгледа вашиот животен пат во очите на другите само ќе направи да се чувствувате очајно и обесхрабрено.

Нема да забележите колку сте еволуирале и дека сте посилни и посвесни за личноста којашто сте.

9. Засега сигурно ви оди добро барем во една област од вашиот живот. Вашиот живот не е апокалиптичната катастрофа којашто мислите дека е.

Ако некој ви го вели спротивното, тогаш отстранете ја таа токсична личност од вашиот живот.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-04.jpg

10. Слабостите што сè уште ги имате не ве осудуваат на пропаст. Вашите слабости нема да се претворат во силна страна доколку се чувствувате виновни за нив.

Прифатете и помирете се со фактот дека нема да бидете силни во сите области. Ова не ве прави помалку вредни од некој којшто навидум е добар во сè.

11. Животот е покомплексен и потежок отколку што се мислеле порано. Но, ова не треба да ве спречи да се ослободите од ограничувањата.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg