„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто

Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнеме, навистина е лесно да заборавиме на работите што ни годат и нè прават посреќни.

gubenje-vreme-i-ushte-9-raboti-shto-site-treba-da-gi-pravime-pochesto-01.jpg

Лесно е да најдете изговор за да ги избегнете овие активности – немате време, се чувствувате изморено, имате други обврски… Но сигурно можете барем еднаш неделно, па дури и само еднаш месечно, да одвоите време за некоја ваква активност која ќе ви помогне да се релаксирате и генерално да се чувствувате подобро.

Па, погледнете кои се работите што сите треба да ги правиме многу почесто:

1. Пишување со рака, наместо само на тастатура. Многу полесно и побрзо е да напишете нешто на тастатура, но знаевте ли дека пишувањето на хартија е добро за вас?

Пишувањето со рака ќе ве релаксира и може да ја поттикне вашата креативност. Исто така, ако водите дневник, подобро пишувајте го на лист хартија отколку на компјутер, бидејќи на овој начин многу полесно ќе ги искажете вашите чувства и мисли.

2. „Губење“ време и релаксирање. Денес сите чувствуваме некој притисок постојано да бидеме продуктивни. Но, ако не одвојувате време за релаксација, кога-тогаш ќе „прегорите“.

Обидете се барем еднаш неделно да одвоите дел од денот кога нема да правите буквално ништо, туку само ќе уживате во сегашниот миг.

gubenje-vreme-i-ushte-9-raboti-shto-site-treba-da-gi-pravime-pochesto-2.jpg

3. Размислување пред да одговорите на некоја порака. Поради дигиталната комуникација, сите сме постојано достапни и од нас се очекува веднаш да одговараме на пораките.

Но ако станува збор за нешто посериозно, слободно дајте си време да размислите за целата ситуација, па дури потоа напишете одговор.

4. Готвење само за себе. Како што сакате да го изненадите партнерот или најблиските со вкусен домашно направен оброк, зошто не го правите тоа и за себе?

Кога сте послободни, најдете некој рецепт што ви се допаѓа и уживајте во готвењето само за себе.

gubenje-vreme-i-ushte-9-raboti-shto-site-treba-da-gi-pravime-pochesto-03.jpg

5. Дотерување без никаква причина. Поради пандемијата сите минуваме повеќе време дома, но само затоа што не одите на некој посебен настан, не значи дека треба да ја заборавите вашата омилена облека.

Дури и ако не планирате воопшто да го напуштите домот, одвреме-навреме облечете го омилениот фустан или омилените панталони и дозволете си да се чувствувате најубаво.

6. Читање книги, но не во електронска форма. Ако сте страстен читател, претпоставуваме дека за вас ништо нема да ги замени печатените книги.

Но, ако немате навика да читате или обично читате електронски изданија, можеби е време да го промените тоа. Читањето е одлична активност за релаксација која го стимулира вашиот мозок.

gubenje-vreme-i-ushte-9-raboti-shto-site-treba-da-gi-pravime-pochesto-04.jpg

7. Јавување на најблиските само за да ги чуете. Воопшто не ви треба изговор или причина да ѝ се јавите на некоја сакана личност. Сосема доволно е да сакате да ѝ го слушнете гласот и само да ја прашате дали е во ред.

8. Правење пауза од технологија. Денес смартфоните и компјутерите се и неизбежни, и неопходни. Но, одвреме-навреме добро би било да правите пауза од технологијата.

Обидете се барем еднаш месечно да поминете цел ден без да го допрете телефонот или компјутерот, и веднаш ќе ја забележите позитивната разлика.

gubenje-vreme-i-ushte-9-raboti-shto-site-treba-da-gi-pravime-pochesto-05.jpg

9. Слушање музика. Можеби постојано си пуштате музика додека работите или правите нешто друго, но добро е да одвоите време кога музиката ќе ви биде главниот фокус.

Пуштете го вашиот омилен албум или направете си плејлиста со омилените песни и уживајте во музиката без да правите ништо друго.

10. Фокусирање на здравјето и благосостојбата. Скоро сите ја ставаат грижата за своето здравје во втор план и ова е разбирливо. Покрај бројните обврски во текот на денот, сигурно не ни помислувате на вашето здравје, сè додека не се појави некој проблем.

Но, време е да го промените и ова. Заменете ги лошите животни навики со подобри, слушајте ги сигналите што ви ги испраќа телото и, генерално, водете подобра грижа за себе. Не заборавајте дека вие самите треба да си бидете приоритет.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg