Приказната за Тоби - жабата која го освои Инстаграм

Во оваа модернизирана ера, сведоци сме на многу популарни животни со огромен број следбеници на Инстаграм профилите, па дојде ред и на најпопуларната жаба на светот.

Izvonredna-prikazna-za-Tobi-zhabata-koja-go-osvoi-Instagram 01 630x340.jpg

Да да, добро прочитавте, станува збор за Тоби, еден од најактуелните „инстаграмџии“ со над 95 илјади следбеници.

Имено, Савана Микел, 23-годишна студентка на колеџ во Флорида, ја забележала оваа жаба како речиси секој ден го посетува влезот на нејзиниот дом.

Микел и Тоби навистина се спријателиле и таа започнала да го фотографира во детално изработена куќа, со димензии токму за него.

Тоби „исполнува“ секојдневни задачи: подготвува појадок, прави скара, сурфа на Интернет, се бања, чисти, гледа филмови.

Авантурите на Тоби насмеаа илјадници луѓе и тој за брзо време стекна голема популарност.

Izvonredna-prikazna-za-Tobi-zhabata-koja-go-osvoi-Instagram 02 630x380.jpg

Савана во едно интервју за Insider изјавува дека Тоби продолжува да се враќа во неговиот дом, иако генерално го напушта кога и да посака.

Таа надополнува: „Понекогаш чувствувам како тој да ужива фотографирајќи се“.

На социјалната платформа Инстаграм можете да го пронајдете како Yaboi_Toby_Toad.

Во продолжение ви издвојуваме неколку од спектакуларните Инстаграм-фотки на оваа популарна жаба:

https://www.instagram.com/p/B4f3LlkgBmp/?fbclid=IwAR1przP7BDd6X48HK1w6RMdJl0ZXIzkIcz5XH24Po1eV-spTrpVLdEUJX0w

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Ма... Марина Чапман која живее во Англија тврди дека на 4-годишна возраст била киднапи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg