Никогаш не е доцна за нова кариера и уште 17 мудри животни совети од повозрасни луѓе

„Грижете се за вашето тело. Вежбајте за да ја одржувате тежината и да го одржувате здравјето на срцето. Како што стареете, ова ќе ви станува потешко“.

nikogash-ne-e-docna-za-nova-kariera-i-ushte-17-mudri-zhivotni-soveti-od-postari-lugje-01.jpg

Со годините и искуството, доаѓа и мудроста, па секогаш можеме да научиме важни работи од постарите луѓе.

Тие го преживеале периодот што го живееме ние, свесни како им се менувале перспективата и начинот на размислување, па донекаде знаат што е навистина важно во животот.

Нa Редит бројни луѓе постари од 40 години ги споделија животните совети што би сакале да ги знаат и самите во младоста.

Дел од најдобрите во продолжение:

„Добро запознајте ги вашите родители. Прашувајте ги за нивната младост, за нивните родители, за роднините. Пред да станете свесни, нив ќе ги нема, а ќе останат многу работи што ќе посакувате да сте ги прашале“.

„Ставајте крем со заштитен фактор. Ако можам да ви понудам еден совет за иднината, ова е тоа. Долгорочните придобивки од овие кремови се докажани и со науката“.

„Штедете. Ако имате висока плата, искористете го тоа за поголема заштеда. Ако имате мала плата, тргајте ја настрана секоја сума што можете. Со текот на времето и ова ќе направи некаква разлика“.

nikogash-ne-e-docna-za-nova-kariera-i-ushte-17-mudri-zhivotni-soveti-od-postari-lugje-02.jpg

„Грижете се за вашето тело. Вежбајте за да ја одржувате тежината и да го одржувате здравјето на срцето. Како што стареете, ова ќе ви станува потешко“.

„Мијте ги забите“.

„Работете напорно, но не заборавајте да се забавувате. Новиот автомобил и новата викендичка ќе ви бидат забавни извесен период, но добрите пријатели и забавните мигови ќе ги цените целиот живот“.

nikogash-ne-e-docna-za-nova-kariera-i-ushte-17-mudri-zhivotni-soveti-od-postari-lugje-03.jpg

„Истегнувајте го телото. Вежбајте јога. Правете други вежби за истегнување. Не мора да бидете во топ-форма за да бидете среќни, но со истегнувањето ќе се чувствувате многу подобро и ако во иднина се повредите, полесно ќе закрепнете.

Можеби сега се чувствувате непобедливo, како секоја личност во нејзините 20-ти. Но, потоа ќе наполните 30 и ќе почнете да забележувате болки во телото кога трчате, скокате или само кога одите“.

„Никогаш не е доцна за нова кариера. Правете го она што го сакате!“

„Животот е краток, па уживајте во него! Може ви останува уште еден ден или 50 години – никој не знае. Не ги одложувајте работите за некое подобро време“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg