Тхе Мичо: „Колекционер сум на игри, играчки, стрипови - тоа ми е бегство од секојдневието“


Тхе Мичо: „Колекционер сум на игри, играчки, стрипови - тоа ми е бегство од секојдневието“

„Веќе 10-15 години собирам трансформерси, мастерси, инфинити, гејм оф тронс и низа други, фигури, стрипови и игри и сакам тие да се околу мене кога работам – потребна ми е креативна средина“, вели 40-годишниот Михајло Димитриевски од Битола.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-01.jpg

Михајло Димитриевски (40) живее и работи како илустратор во Битола, а на јавноста ѝ е познат како страстен колекционер на игри, играчки, стрипови и низа други работи.

Тој открива дека неговото хоби му е бегство од реалноста и на тој начин го одмора мозокот од бранот на негативни вести кои секојдневно допираат до нас. Има и своја фан страница „Тхе Мичо“.

Проговоривме со него за неговата колекција и најзначајните предмети кои ги поседува:

Што значи да се биде страстен колекционер? Која е побудата и колку време го правиш ова?

Не знам колку сум страстен колекционер ама отсекогаш сум сакал стрипови и играчки, а бидејќи тоа ми е и професија само по себе се надополнува. Можам да кажам дека моето студио е полно со работи кои на некој начин ја инспирираат креативноста во мене. Дали е книга, стрип или евентуално некоја фигурка сакам да работам во креативна средина.

Не сум броел, ниту пресметувал колку време го правам ова, ама сигурно е некаде околу 10-15 години. Еден стрип, па друг, па трет, па книга.... и ете се собрале. Професијата ми се состои од цртање на елијени и монстери и стрипови така да хобито и занаетот ми се фино собрани заедно.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-02.jpg

Најмногу собираш...

Собирам сè што ќе најдам и можам да си го дозволам од игри и стрипови до филмови и поп култура воедно. Дали се работи за пез фигури, фанко, тој биз, трансформерси, мастерси, инфинити, гејм оф тронс ...сè што ми е во поле на интерес е добредојдено.

Годинава планирам да собирам и фигури и играчки кои ќе бидат изработени по мои дизајни за игри и производи на кои сум работел така што уште еднаш занаетот и хобито ќе ми бидат споени во едно.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-03.jpg

Дали луѓето околу тебе ја разбираат твојата страст?

Па, со оглед дека се работи, барем за мене, за интересна занимација се надевам дека ја разбираат. Малку кај нас сега е климаво времето, а јас се занимавам со нешто што по дифолт би требало да е забава, но се надевам дека и на тие околу мене му е интересно и кул.

Реално гледано треба стварно да си лош чоек да не сакаш цртани, играчки или игри. Што се однесува до мојата фамилија имам максимална поддршка од нив, а и моите деца го следат мојот пат на собирање фигури т.е прават колекции.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-10.jpg

Колку во Македонија има посветени колекционери?

За колекционери други на други работи искрено немам поима ама знам дека има еден куп што исто собираат играчки и стрипови. Има луѓе кои ги познавам кои имаат дупло или тродупло повеќе стрипови од мене и тоа е одлично.

Уште еднаш ова е забавно колекционерство - не дека собираме скапи вазни, археолошки предмети или слично. Мислам дека убаво би било секој да има некакво хоби или занимација за малку да ги одминеме темиве кои нè преокупираат во моментов, а можеби и самите да станеме малку попаметни и поразбудени за сè околу нас.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-04.jpg

Колку пари вложуваш во ова хоби?

Најмалку што можам. Имам среќа да сум во бизнисов, па често се случува да добивам поклони од соработници или да правиме размена цртеж за фигура или како и да е. Ова сепак е скапо хоби и навистина се надевам на подобри времиња кога горе долу сите ќе можат да си го дозволат ова.

Сепак за играчки зборуваме. НЕ пијам, не пушам така што евентуалните финансии кои би ги потрошил на тоа одат во стрипови и фигури.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-07.jpg

На кој предмет што го поседуваш си најгорд?

Сите си ги сакам. Моментално ми е омилен Гламдринг мечот на Гандалф, фигурчињата Инфинити од истоимената игра за плејстејшн, а од стрипови фаворити ми се италијанските Тополино (мики маус шо би рекле кај нас).

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-08.jpg

Како ги обезбедуваш и каде ги сместуваш сите тие предмети?

Не сум сигурен дека треба обезбедување за стрипови, така што гледам регуларните стандарди и норми од ЕУ да ги запазам, како и неколку приватни ресурси.

А тука е и погоре спомнатиот Глaмдринг. Моето студио е место каде што поминувам најмногу време така што нормално дека тоа е местото за нив.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-09.jpg

Дали досега си имал некоја незгода со некој предмет од твојата колекција?

Па, поприлично сум смотан и трапав, така што често може да подзафркнам или скршам нешто од преместување наваму натаму. Но, доброто старо секундарно лепило, шмиргла и трпение се лек за тоа. Еднаш ми падна Таурен Чифтанот, фигурата од Воркрафт, на нога и тоа болеше.

the-micho-kolekcioner-sum-na-igri-igrachki-stripovi-toa-mi-e-begstvo-od-sekojdnevieto-11.jpg

Дали сметаш дека некогаш ќе сопреш со надополнување на своите колекции?

Се надевам дека нема да сопрам и се надевам дека сите што сакаат некогаш ќе имаат и свои колекции од што и да ги прави среќни, а е законски дозволиво.

Дел од неговата колекција:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Интервју за првата македонска хорор видео-игра WOUNDED: „Имавме само е... Не можеме само да се надеваме дека нешто ќе помине или нема да помине. Кога...
Патешествието на Драгана и Павел со кучето од Куманово до Шведска: Дом... Драгана Стефановска и Павел Личагин се љубовен пар, кои се имаат запознаено во С...
Запознајте го креативниот универзум на нашиот илустратор Тино Андов Да се создаваат сопствени универзуми и карактери за дваесетгодишниот Тино Андов ...