"Црна овца" на работа

crna-ovca-na-rabota-povekjeВо секоја канцеларија има барем по еден колега кој има талент да ја расипе пријатната работна атмосфера. Доколку се препознаете во некоја...

 

...од активностите подолу, почнете да работите на нив уште денес.

crna-ovca-na-rabota

1. Давате повќе совети од колумниста. Ако ве прашаат за совет слободно сподеете го. Но, нема потреба да го правите постојано и кога треба и кога не треба.

2. Не можете да се откажете од старите добри денови. Ако постојано зборувате како ви било на претходното работно место ќе дадете слика на личност која не може да се прилагоди.

3. Упорно заборавате дека сте во канцеларија, а не на улица. Пред да започнете разговор на непријатна тема, сетете се каде се наоѓате. Постои време и место за раскажување експлицитни содржини.

4. Пречесто барате помош. За некои работи сте само вие одговорни и не можете да очекувате другите да ги прават за вас.

5. Секогаш имате подобра приказна од другите. Сакате да сте во центарот на вниманието без разлика на ситуацијата.

6. Не водите грижа за мирисот на своето тело. Никој не сака колега кој мириса како да дошол од трчање. Исто така бањањето во парфем или колонска вода е неприфатливо.

7. Содржината на e-mail(от) ја ставате во subject. Со што многу често го збунувате примачот.

8. Давате крати одговори по e-mail. Ако вашиот одговор е еден збор, тогаш веројатно не сте требале ни да се трудите да одговарате.

9. Едвај чекате да заврши работното време. Не морате да го ставате до знаење ова секој ден.

10. Организирате забава во канцеларија за ситници. Забавите се добар начин да се опуштите. Но, ако претерувате ништо нема да ви биде интересно.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg