Дали лажете во CV-то?

dali-lazete-vo-cv-to-povekjeБарањето работа никогаш не е лесна задача, посебно кога за секое работно место има огромен број кандидати. Биографијата е првиот контакт...

 

...со потенцијалниот работодавач.

dali-lazete-vo-cv-to

Во поголем број случаи од CV-то и зависи дали воопшто ќе ве повикаат на разговор.

Многумина признаваат дека поради желбата да добијат одредено работно место, ги преувеличуваат своите квалификации, а често пати тоа и го нарекуваат “разубавување на CV-то“.

Понекогаш се наведуваат семинари и курсеви или дури и факултет кои воопшто не се завршени или посетувани.

Меѓу другите најчести лаги се и познавањето на странски јазици, или одредени компјутерски програми, како и работа на самостојни проекти.

Иако мислите дека не сте излажале многу, експертите се сложуваат дека лажењето во биографијата никогаш не е добра идеја.

Можеби мислите дека никој нема да дознае, но замислете кога би ве замолиле да го продолжите интервјуто на германски јазик, кој претходно сте навеле дека го познавате одлично? Дали овој лажен податок е толку вреден за да го поништи останатото што е квалитетно во вашето CV?!

На денешниот пазар на труд покрај толку модерна технологија, сите информации може да се проверат, едноставно и лесно.

Работодавците сигурно ќе го проверат вашето работно искуство и квалификации. А, ако го загубите интегритетот пред работодавецот, тешко дека повторно ќе ве повика на разговор.

Што може да направите за да не се потите на интервјуто во случај да ве прашаат баш за тоа што сте излажале? Размислете за она што сакате да го додадете во своето CV. Дали се тоа работи кои ќе ја зголемат вашата вредност?

На место да смислувате начини како да ги вметнете во биографијата, преземете нешто: одете на семинари, на компјутерски курсеви, довршете го факултетот, запишете се на специјализација или учете странски јазици.

Ништо нема да промените за еден ден или седмица, но веројатно е и дека нема да најдете работа толку брзо. Затоа гледајте на долг рок. Работете на себе и усовршувајте се, а ако во меѓувреме најдете работа- овие активности ќе ви бидат само плус.

Секоја нова вештина и знаење во денешно време е од корист!

Би можело да ве интересира:

10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg