Моќта на женскиот допир

Женскиот допир е се' што му е потребно на еден маж, за тој да се чувствува сигурно и да има повеќе сила да превзема нови ризици, тврдат...

 

... американските научници.

Доволно е барем тапкање по рамото и сигналот е пратен - мажот е спремен да вложи, да инвестира па дури и да заборави на сите ризици кои доаѓаат со овие подвизи. mokta-na-zenskiot-dopir

Истражувањето покажало дека маж може да се одлучи на големи чекори, само по еден кус разговор со жена или пак со благо стискање на дланката при поздрав. Но ,тој ефект исчезнува ако маж потапка маж по грб.

Имено, волонтерите кои учествувале во истражувањето имале задача меѓусебно да се допираат по рамена, грб или пак сречно да се поздравуваат, но друг физички контакт не бил дозволен.

Потоа, волонтерите одговарале на прашања кои се однесувале на нивната сигурност. "Учесниците кои разговараа со жени или кои имале физички контакт со жена, се чувствуваа многу посигурно и беа поподготвени да превземат големи ризици од останатите.

Ефектот е посилен кога жена ќе ги допре по грб, отколку коа ќе им ја стисне раката", вели Џонатан Левав, професор на Универзитетот во Њујорк кој го водел ова истражување, пренесува Дејли Експрес.

Левав додава дека овој ефект се губи кога маж допира друг маж.

Па жени, се чувствувате ли моќно? Wink

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg