Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да бидете забележани?

kako-da-ve-zabelezat-i-pofalat-povekjeНиз разговори често пати слушаме како некои луѓе со исти знаења и вештини подобро успеваат во работата отколку оние со слични карактеристики...

 

...на нив, подобро се однесуваат кон обврските, имаат поголема плата, се појавуваат на значајни настани и без проблем пронаоѓаат уште подобро работно место.

Дискусијата во вакви случаи најчесто завршува со заклучоците – сигурно се знае со директорот, мајка му работи таму, има врски, подобри познанства, спонзори или харизма.

Тоа може и да е точно, но успешните личности вешто вложуваат во сопствените односи со јавност.

kako-da-ve-zabelezat-i-pofalat

1. Секојдневно однесувајте се и работете онака како што би сакале да ве препознаат луѓето и да ве паметат.

Не правете нешто што би можело да ве доведе во непријатна ситуација или во иднина да се срамите. Да се биде одличен значи да се створат одредени навики.

2. Пофалете го својот напредок и прославете го својот успех со цел да се мотивирате за понатамошен напредок и усовршување.

Често очекуваме мотивација од надредените или од нашата средина, но со оглед на моменталната ситуација, од сите се очекува повеќе самомотивирање.

3. Размислете за односот кон себе. Ако се што правите за себе, без проблем би го направиле и за пријателите – на прав пат сте.

Но, доколку кон себе не се однесувате со почит, не можете да очекувате тоа да го прават другите.

Сетете се дека никогаш не треба да зборувате лошо и да критикувате пред купувачи и колеги.

4. Привлечете внимание така што ќе дадете повеќе од она што се очекува од вас.

Одушевете ги луѓето со тоа што ќе ги надминете нивните очекувања. Бидете подготвени и креативни – само така може да понудите нешто единствено.

5. Научите да ги ислушате соработниците, градете контакти и врски, поставувајте вистински прашања. Другите го ценат ова, а вие ќе бидете успешни во комуникацијата.

Би можело да ве интересира:

10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg