10 мрачни страни на професијата доктор (и зошто тие се наши херои)

Ќе има моменти кога ќе ви се крши срцето и ќе бидете растргнати емоционално. Ќе има ужасни случаи, пациенти ќе умираат, деца ќе бидат злоупотребувани, луѓе нема да можат финансиски да си дозволат соодветен третман и вие ќе гледате колку суров може да биде светот. Да се биде доктор е прекрасно, но претешко...

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-01.jpg

Да се биде доктор е навистина прекрасна и хумана професија. Луѓето кои ја бираат ова професија тоа го прават затоа што пред сè ги сакаат другите луѓе, сакаат да помагаат, сакаат наука, предизвици и нормално стабилна кариера.

Но, оваа убава професија има и свои мани.

Луѓе кои работат како доктори велат дека не се покајале за изборот на професијата, но дека сепак би сакале да знаат одредени работи пред да ја изберат оваа професија.

Доктори на Reddit ги откриваат мрачните страни на професијата:

Ќе бидете претрупани со тон административни работи и папирологија

Голем дел од работниот ден ќе го минувате во средување на документација, иако додека си ја замислувате кариерата на доктор, тоа воопшто не ви паѓа на ум.

Нема да заработувате пари како што замислувавте

Да се биде доктор е стабилна кариера, но сепак не е така платено како што заслужува да биде. Сиот тој стрес, годините учење и огромната одговорност на работното место за туѓите животи заслужува да биде многу подобро платено.

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-03.jpg

Ќе има моменти кога ќе ви се крши срцето и ќе бидете растргнати емоционално

Ќе има ужасни случаи, пациенти ќе умираат, деца ќе бидат злоупотребувани, луѓе нема да можат финансиски да си дозволат соодветен третман и вие ќе гледате колку суров може да биде светот и во одреден миг ќе бидете со скршено срце.

Ќе ви се случува да прегорите

Долгите работни часови, стресот, физичката и менталната истоштеност си го земаат својот данок и најмалку еднаш во кариерата ќе дојдете до степен кога ќе посакате да се откажете од сè. Ќе има и бес и депресија и отапеност за емоции...

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-06.jpg

Можно е да ви биде потребна терапија и разговор со психолог

Ќе треба да работите на своето ментално здравје, па и да посетувате психолог за да научите како да се справите со предизвикувачките ситуации и проблеми. Мора да научите како да се смирите кога сè околу вас гори.

Уште 5 причини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg