10 мрачни страни на професијата доктор (и зошто тие се наши херои)

Пациентите ќе ве предизвикуваат

Учите децении и децении за да можете да им ја дадете најдобрата нега на пациентите, а тие ќе дојдат и ќе ви кажат дека грешите затоа што нешто прочитале на интернет. Потоа, ќе ви бидат лути, ќе бидат бесни, ќе ве преоптоваруваат со прашања, а на моменти ќе покажуваат и непочит, но вие ќе мора да ги разберете и да имате емпатија за нив додека минуваат низ најтешките мигови во животот.

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-02.jpg

Нефункционален здравствен систем, кој ве ограничува да им помогнете на луѓето

Понекогаш бирократијата и несредените процецеси во здравствениот систем ќе ве спречат да им помогнете на луѓе, на кои животот им зависи од тоа. Ќе се најдете во ситуации кога нема да можете да сторите ништо за да го промените тоа.

Справување со неблагодарни роднини на пациенти

Вие правите сè за да спасите нечиј живот, но доаѓаат неговите растревожени роднини и вас се обвинуваат за сè што тргнало во погрешна насока. Немате магично стапче за да ги исправите работите и некогаш ќе чувствувате и грижа на совест, иако не треба затоа што сте направиле сè што е во ваша моќ.

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-04.jpg

На работното место ќе се соочувате со колеги доктори кои се „волци во овчо руво“

Покрај здравствениот систем, ќе ве фрустрираат и колегите кои сакаат да напредуваат со помош на политички врски или со потчинување на некои „големци“, дури и кога тие не се во право.

Смртта постојано е насекаде околу вас

Нема сите приказни да имаат среќен крај и ова ќе го гледате постојано ако сте доктор. Редовно ќе се среќавате со смрт на пациенти и иако мислите дека можеби ќе се навикнете со текот на времето, вистината е дека смртта на пациент ги погодува дури и најстарите и најискусни доктори.

10-mrachni-strani-na-profesijata-doktor-i-zoshto-tie-se-nashi-heroi-05.jpg

Сепак, да се биде доктор е прекрасна и навистина хумана професија и навистина вреди да истраете...

Ви благодариме доктори!

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg