„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео)
„Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се работи од утро до мрак, нека фала“- пишуваат во коментари. „Зградата е на 10 ката, од кои 2 се кантина - едниот вегетеријански, а другиот дел е со месо. Имаат и апарат за газирана вода што ти ја прави со каков вкус сакаш. Има соба со игри, теретана, но и соба за дремки, со капсули“ - Србинка покажува како изгледаат канцелариите на Google во Лондон.

Тијана Јокиќ од Србија е рекрутер и психолог, има 7 години искуство во кое соработувала со компании од разни индустрии во Србија, САД, Германија, Франција и Велика Британија.
Таа им помага на своите клиенти успешно да се претстават пред работодавачите и да ја најдат работата која најмногу им одговара, а на Инстаграм често споделува кариерни совети.
Тијана неодамна ги посетила канцелариите на Google во Лондон, а со своите следбеници сподели видео на кое покажува како изгледа нивната работна околина.
„За да влезете мора да ве викне некој од вработените и да ја добиете оваа гостинска пропусница со име и презиме. Зградата се наоѓа во центарот на Лондон и има 10 ката.

Симболите по стаклото се направени од шарени самолепливи хартии. Снимањето на самите работни бироа не е дозволено, но не дојдовме за тоа секако...

Една од најдобрите работи е кантината која е потполно бесплатна и се протега на два ката, од кои едниот е вегетеријански, а другиот дел е со месо.
Суши се служи за појадок, ручек, а понекогаш и за вечера. Храната е превкусна.

По оваа гозба одлучивме малку да се одмориме на една од 2434 простории наменети за таа цел.
Потоа отидовме во собата за игри, каде има нови, но овие малку ретро игрици, како и друштвени игри, но и ЛЕГО коцки.


За мене најдобар дел е терасата со спектакуларен поглед на Лондон, посебно под ова апокалиптично време, така да го наречам.

Потоа повторно се вративме низ канцелариите и поминавме покрај овој ѕид со домашни миленици, како и овие полици со стари Google и Android уреди.

Потоа отидовме да каснеме нешто благо и да пиеме кафе што овде ми го направија подобро отколку во повеќето кафулиња.
Овде е многу кул апаратот за газирана вода кој ви прави вода со различни вкусови.

По цела таа храна, логично ја посетивме теретаната, како и собата за билијард.
И за крај, преморени од сите тие активности, отидовме во оваа соба за дремки, каде можете да си наместите дремка од 15 минути до 1 час, како што направив јас, и тоа би било тоа.“

Во коментари луѓето имаат поделени мислења, некои сметаат дека е кул, а други пак, дека очигледно вработените немаат приватен живот, па овде дури мора и да спијат како да се роботи.
„Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се работи од утро до мрак, нека фала“.
„Модерно робовладетелство“.
„Се работи ли нешто таму, или луѓето шетаат од спрат на спрат, од соба до соба“.
„Сум бил и сум видел. Луѓето немаат време да користат ништо од тоа, ова е само маркетинг. “
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело
