5 (важни) факти за женскиот оргазам (18+)

Знаевте ли дека некои жени не можат да доживеат оргазам само со пенетрација? За некои, пак, доволна е само стимулација на клиторисот за да го достигнат врвот.

5-vazhni-fakti-za-zhenskiot-orgazam-01.jpg

За разлика од машкиот, женскиот оргазам е малку покомплициран.

Добро познато е дека за жените генерално е потешко да доживеат оргазам, а фактот што за оваа појава има многу митови, дополнително им ја отежнува ситуацијата.

Во продолжение, пет факти за женскиот оргазам што треба да ги знаете:

Не секоја жена може да достигне оргазам само со пенетрација

За повеќето жени, пенетрацијата не е доволна за да го достигнат врвот.

Ова го покажува и истражување од 2017-та во кое учествувале 1.055 жени.

Резултатите покажале дека само 18% од испитаничките можеле да доживеат оргазам само со пенетрација.

Според секс терапевтката Џес Орајли, причината за ова обично е анатомијата – кај некои жени има поголемо растојание помеѓу вагиналниот отвор и клиторисот, па затоа им е потешко да го достигнат врвот само со пенетрација.

Но, може да има и други причини, како стрес и анксиозност.

5-vazhni-fakti-za-zhenskiot-orgazam-02.jpg

Жените можат да уживаат во сексот и без оргазам

Иако оргазмот се смета за врвот на сексуалниот однос, всушност не е неопходен за задоволувачки однос.

„Многу жени го сакаат чувството на сексот и можат да имаат одлично искуство и без оргазам.

За повеќето, сексот е возбудливо, сензуално и исполнувачко искуство дури и без оргазам“, вели Џес Орајли.

Што значи, ако не можете да доживеете оргазам, не значи дека не можете да уживате во самиот однос и интимноста со партнерот.

На жените им треба повеќе време да доживеат оргазам

Според истражувањата, мажите можат да доживеат оргазам за пет до седум минути, во просек.

На жените, од друга страна, им се потребни 14 минути во просек.

Орајли вели дека кај жените има големо влијание дали станува збор за однос или мастурбација:

„Разликата е поистакната кога станува збор за мастурбација. Кога сме сами, има помал притисок. Исто така, користиме техники кои знаеме дека ќе доведат до оргазам“.

На жените неретко им треба и подолга предигра за да доживеат оргазам.

5-vazhni-fakti-za-zhenskiot-orgazam-03.jpg

Жените можат да доживеат оргазми без пенетрација

Благодарение на клиторисот, на жените не им треба пенетрација за да доживеат оргазам.

Некои жени, пак, можат да доживеат оргазам и само со стимулација на други ерогени зони, како градите.

Жените можат да доживеат неколку оргазми за време на секс

За разлика од мажите, за жените е возможно да доживеат неколку оргазми за време на еден сексуален однос.

Сепак, Џес Орајли вели дека не е познато колку е честа оваа појава.

„Тешко е да се истражува ова и никој не знае колку е често. Некои жени имаат серија од помалку интензивни оргазми, по што следи еден силен.

Некои доживуваат повеќе оргазми кога се навистина релаксирани. На други им требаа разни видови стимулација за секој оргазам“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg