Прашувам за пријател: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“

Замислете ја ситуацијава, запознавате дечко, кој е забавен и фин, си разменувате броеви, одите на неколку состаноци, па дури имате и секс со него и дознавате дека има девојка...

prashuvam-za-prijatel-se-spletkav-so-dechko-shto-ima-devojka-dali-da-i-kazham-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде луѓето анонимно може да ги постават прашањата кои им го измачуваат умот, а за кои им е срам да зборуваат јавно.

Eдно од прашањата од читатели гласи: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“

Што би направиле во ваква ситуација? Дали би биле лути, повредени, па дури и бесни? Сето тоа е нормално.

Но, другата работа е: „Дали ќе ѝ кажете на неговата девојка“?

Експертот за љубов и врски на магазинот Metro ја советува анонимната девојка:

Имаш опција 1. Кажи ѝ, таа ќе биде повредена со месеци. Ќе те обвинува, но нема да потроши залудно 5 години од животот за него.

Таа ќе знае кој е тој и ќе одлучи дали треба да го остави или не.

Опција 2. Не ѝ кажувај ништо. Таа ќе се омажи за него и можеби за една година ќе добијат дете.

Потоа, можеби за една или пет години ќе дознае каков е тој навистина. Тогаш, дури и да се разведе од него таа за цел живот е заглавена со овој ужасен тип, кој е татко на нејзиното дете и со кој, за доброто на детето, ќе мора да комуницира до крајот на животот.

prashuvam-za-prijatel-se-spletkav-so-dechko-shto-ima-devojka-dali-da-i-kazham-02.jpg

Можеби е добро да ѝ кажеш, па таа самата да донесе одлука што ќе прави со нејзината врска.

Ситуацијата ќе биде лоша ако таа не е подготвена да ја чуе вистината.

Исто така, ти ќе мора да ги сносиш последиците од твојот потег. Можеби сама си каниш драма и емоционална вознемиреност во својот живот, а потоа ќе треба да се справиш и со силни реакции од негова страна.

Тој може дури ќе негира пред неа и таа ќе му поверува, а ова ќе создаде негативни емоции кај тебе.

Но, од друга страна, ако не кажеш ќе ти тежи до крајот на животот... Затоа ти одлучи и направи така како што ти вели срцето“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg