Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+)

Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку скрининг на грлото на матката, идејата да имате секс (и како би изгледал тој) може да биде застрашувачка. Но, важно е да знаете дека тоа што сте заразени со ХПВ не мора да значи крај на вашиот сексуален живот.

prashuvam-za-prijatel-mozham-li-da-imam-seks-dodeka-imam-hpv-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде луѓето анонимно можат да постават прашања на кои не можат самите да најдат одговор или за кои им е срам да зборуваат јавно.

Eдно од прашањата на читателите гласи: „Дали можам ли да имам секс додека имам ХПВ?

Одговорот на ова прашање го дава д-р Кетрин Хертлајн, светски признат терапевт за парови и советник за сексуална терапија:

„Сексуално преносливите болести се табу тема меѓу партнерите дури и во 2023 година, особено ако не сте во брак или врска, туку запознавате нови луѓе со кои сакате да имате секс. Многу жени имаат ХПВ (хуман папилома вирус) кој можaт да го пренесат на партнерот, но тоа не значи крај на вашиот сексуален живот.

ХПВ е група сексуално преносливи болести кои можат (иако не секогаш) да предизвикаат симптоми како генитални брадавици или абнормални клетки на грлото на матката.

Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку скрининг на грлото на матката, идејата да имате секс (и како би изгледал тој) може да биде застрашувачка. Но, важно е да знаете дека тоа што сте заразени со ХПВ не мора да значи крај на вашиот сексуален живот.

prasuvam-za-prijatel-02.jpg

Најчесто стравот е предизвикан од срам, а срамот може да предизвика недостаток на самодоверба, особено кога размислувате да почнете нова врска, бидејќи на новиот маж во вашиот живот треба да му објасните што ви се случува и не знаете како ќе реагира.

Стравот од негативните рекции, но и од осудата, кај жените често создава негативна слика во главата, па таа си мисли дека е 'оштетена и дека никој никогаш нема да ја сака', што во многу случаи доведува до депресија и анксиозност, а тоа предизвикува изолација од околината и повлекување во себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg