Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+)

Но, не мора да биде така. Иако секој кој има сексуално пренослива болест (СПБ) ќе треба да му каже на потенцијалниот партнер за својата инфекција, ХПВ не е како другите СПБ и веројатно повеќето луѓе претходно биле во контакт со него.

Кондомите помагаат при заштитата на луѓето од многу сексуално преносливи болести, на пример од кламидија, но кај ХПВ тие само делумно ќе ве заштитат.

Кондомите се корисни ако со нив е покриена областа погодена од ХПВ. Но, користењето кондоми не значи дека никогаш нема да добиете ХПВ, бидејќи ХПВ се пренесува и преку контакт кожа на кожа и може да зарази области што кондомите не ги покриваат.

prasuvam-za-prijatel-04.jpg

ХПВ може да се пренесе и преку орален секс, анален секс, меѓусебна мастурбација или споделување сексуални играчки.

ХПВ можете да го пренесете на вашиот партнер без разлика дали имате симптоми или не, што значи дека многу луѓе може да се заразат со вирусот без да дознаат, особено бидејќи единствениот начин да се тестирате за ХПВ е преку скрининг на грлото на матката, а тоа значи дека не постои начин да се открие кај мажите.

Единствениот начин да не се добие или да се пренесе ХПВ е преку апстиненција, што не е можно кај повеќето луѓе, поради што се проценува дека околу 80% од нас веројатно ќе добијат ХПВ во текот на нашите животи.

prasuvam-za-prijatel-03_copy.jpg

Значи, дали се смета дека е безбедно да имате секс ако имате ХПВ? Накратко, да.

Нашиот имунолошки систем е дизајниран да се ослободи од ХПВ, како што тоа го прави со настинките, на пример.

Повеќето ХПВ инфекции ќе исчезнат сами по себе во рок од 2 години, иако е тешко да се знае дали сојот на ХПВ целосно исчезнал или е во мирување. Испитувањата покажале дека некои луѓе го имаат истиот тип на ХПВ повеќе од еднаш, а тоа укажува дека повеќето луѓе со ХПВ нема да имаат никакви компликации или проблеми.

Сепак, секогаш е добра идеја да се оди на редовни прегледи на грлото на матката и да се користат кондоми, особено со нови или повеќе партнери.

Безбедниот секс треба да биде приоритет“.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg