Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+)

Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целокупното сексуално здравје и благосостојба. Зошто не би требало да го лажете партнерот за вашите оргазми?

zoshto-ne-treba-da-glumite-orgazam-i-nachini-kako-da-ja-podobrite-seksualnata-blagosostojba-01.jpg

Многумина сексот го доживуваат како успешен само ако и двајцата партнери постигнат оргазам. Па, имајќи го овој притисок, неретко партнерите знаат и да глумат.

Но, бидејќи основата на секоја успешна врска лежи во отворената комуникација и довербата, искреноста поврзана со сексуалните прашања го отвора патот за подлабока поврзаност и подобро разбирање на желбите на партнерите.

Во продолжение погледнете четири причини кои ќе ве поттикнат да размислите зошто е добро да имате отворена комуникација кога станува збор за доживување оргазам:

Ќе бидете повеќе поврзани и ќе имате повеќе доверба еден на друг

Отворената комуникација е камен-темелник на секоја здрава врска, а особено се важни разговорите за сексуалното задоволство. Со тоа што ќе бидете искрени за доживувањето оргазам, ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас. 

Оваа искреност може да доведе до подлабоко разбирање на меѓусебните желби, овозможувајќи ви и двајцата заедно да ја подобрите интимната врска и да го зголемите меѓусебното задоволство.

Ја подобрувате самосвеста и личниот развој

Со преземање искрен пристап, вие истражувате и учите кои аспекти од вашата интимност бараат подобрување.

Спротивно на ова, ако глумите оргазам, тоа може да доведе до стагнирање и неисполнет сексуален живот, бидејќи и двајцата партнери може да чувствуваат лажно чувство на задоволство.

zoshto-ne-treba-da-glumite-orgazam-i-nachini-kako-da-ja-podobrite-seksualnata-blagosostojba-03.jpg

Поттикнувате отворен дијалог за сексуалното задоволство

Кога ќе изберете искреност, наместо глумење оргазам, вие создавате платформа за отворен дијалог во однос на вашето сексуално задоволство.

Ова ќе им носи корист и на двајцата партнери, бидејќи може да разговарате за какви било предизвици, да истражувате и да фантазирате повеќе. 

Водејќи искрени и отворени разговори на оваа тема, се ослободувате од општествениот притисок и митовите околу оргазмот ги заменувате со позитивна секс приказна.

zoshto-ne-treba-da-glumite-orgazam-i-nachini-kako-da-ja-podobrite-seksualnata-blagosostojba-04.jpg

Подобро сексуално здравје и благосостојба

Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целокупното сексуално здравје и благосостојба. Преку искрени дискусии, двајцата партнери можат подобро да ги разберат сите потенцијални психолошки, емоционални или физички проблеми кои го спречуваат постигнувањето оргазам.

Овие информации овозможуваат да се решат сите основни грижи, како што се стресот или емоционалните бариери, па да се преземат неопходните чекори кон подобрување на сексуалното здравје и благосостојба.

Како да ја одржувате или подобрите сексуалната благосостојба?

Постојат различни начини да се обидете да ја одржите или подобрите сексуалната благосостојба. Така, најважно е да воспоставите и да одржувате редовна, силна и отворена комуникација со сексуалниот партнер и да разговарате за сексуалните желби и потреби, како и за секое однесување кое ви пречи.

Еден важен начин на кој може да ја негувате сексуалната благосостојба е да работите на вашата „сексуална свесност“ т.е. способноста да избегнете да се осудувате себеси или партнерот за време на секс.

Поминете време учејќи за сопствените желби или потреби, без разлика дали тоа ќе го правите сами или со вашиот партнер. Сечие тело е различно, што значи ваша одговорност е да дознаете што е она што ви носи сексуално задоволство, а што ви пречи. Денес на пазарот постојат различни секс играчки кои може да ги испробате со цел да го зголемите вашето задоволство.

zoshto-ne-treba-da-glumite-orgazam-i-nachini-kako-da-ja-podobrite-seksualnata-blagosostojba-06.jpg

Исто така, за добра сексуална благосостојба важно е да се грижите за сопственото тело, да посветите време во интимна хигиена и негата за себе. Така ќе ја зголемите самодовербата и ќе се чувствувате поудобно во сопствената кожа.

Размислете и за начинот на живот и исхраната. Водењето поздрав живот има огромни ментални и физички придобивки кои секако влијаат на подобрувањето на сексуалната благосостојба.

И, за крај, секогаш е важно да продолжите да учите. Едуцирајте се за различните начини на доживување задоволство, па можеби ќе станете поотворени за да испробате нови работи и да уживате во нешто што до тогаш не сте го знаеле.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Секс поза „редена торта“ која го стимулира клиторисот (18+) Ако сте ја пробале секс-позата „лазања“, тогаш ќе сакате да ја пробате и „редена...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg