Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+)

Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседнати со тоа да постигнат оргазам – главната цел треба да им биде задоволството.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-01.jpg

Иако денес ни се достапни многу информации за сексот, постојат и митови кои им создаваат непотребни грижи на многумина.

А, секој лесно може да се ослободи од овие грижи со подобра едукација за сексот.

За оваа цел, секс терапевтот Трејси Кокс ги споделува најчестите непотребни грижи од кои луѓето треба да се ослободат.

Погледнете ги во продолжение:

Целта не е оргазмот, туку задоволството

Повеќето жени премногу се загрижени за оргазмите, а ова им создава непотребна анксиозност.

Според Трејси, оргазмот треба да биде како „десерт после добар оброк“.

Паровите кои имаат добар сексуален живот не се фокусираат само на оргазмот, туку на целото искуство и задоволство.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-02_copy.JPG

Желбата за секс се менува во текот на животот и тоа е нормално

Скоро сите парови се нашле во ситуација кога едниот од партнерите имал намалена желба за секс. И, ова е сосема нормално.

Проблемот е што многумина мислат дека намалената желба за секс значи намален интерес за партнерот, но ова не е точно.

Постојат безброј фактори кои влијаат на либидото, вклучувајќи стрес, здравствени проблеми, бременост, финансиски грижи, хормонални промени…

Трејси истакнува дека генерално, сè што има негативно влијание врз нашиот живот, може да има негативно влијание и врз либидото.

Кoга ќе се најдете во ваква ситуација, најважно е отворено да разговарате со партнерот за да ги избегнете недоразбирањата.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-03.JPG

Жените не треба да се грижат за мирисот на вагината

Низ разговорите со нејзините пациентки, Трејси заклучила дека жените се загрижени за мирисот на својата вагина уште од многу ран возраст.

Таа истакнува дека оваа загриженост се влошува кога ќе се земат предвид бројните продукти низ продавниците кои ветуваат дека ќе го подобрат мирисот на вагината.

„Вагината не треба да мириса на јаготки или ванила.

Овие продукти не само што не се неопходни, туку можат да ја нарушат рамнотежата на флората.

Вагината има специфичен мирис, но не е непријатен“.

Трејси вели дека е доволно да носите памучна долна облека, а за миење да користите средство за интимна нега без мирис.

Ако, пак, забележите посилен или непријатен мирис или промени во исцедокот, тогаш консултирајте се со гинеколог.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-04_copy.JPG

Потребно е време за да станете сексуално компатибилни со партнерот

Многу луѓе мислат дека со вистинскиот партнер, уште на почетокот ќе бидат компатибилни кога станува збор за секс.

Но, Трејси вели дека иако е потребно да постои привлечност, потребно е и да помине време за со партнерот да научите што ви се допаѓа, а што не.

Зa да ја подобрите компатибилноста, важно е да бидете отворени со партнерот и да разговарате за вашиот сексуален живот.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-05.JPG

И мажите можат да имаат ниско либидо

Постои мит дека мажите секогаш се расположени за секс.

Ова, секако, не е точно.

Како кај жените, и кај мажите желбата за секс е под влијание од многу работи.

И тие може да имаат намалено либидо од фактори како стрес, проблеми на работа, здравствени проблеми и слично.

nepotrebni-grizhi-za-seksot-shto-gi-imaat-skoro-site-spored-seks-terapevt-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg