9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени

Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал така“ и тоа за жените значи многу.

9-dobri-naviki-na-mazhite-koi-bez-problem-osvojuvaat-zheni-01.jpg

Кога станува збор за изборот на партнер жените не се водат од совршен изглед или висока плата, туку од однесувањето на мажите кон нив.

Жените најмногу ги привлекуваат мажи кои зрачат со самодоверба, но пред сè со искреност и почит.

Каков тип на маж може лесно да освои една жена?

Прави таа да се чувствува безбедно и е јасен во врска со своите намери

Наместо да се преправа дека сака пријателство, отворено кажува: „Ми се допаѓаш. Сакам да те запознаам подобро“.

Ги цени нејзините чувства

Знае да ѝ каже: „Те разбирам, и јас би се чувствувал така“ и тоа за жените значи многу.

Дарежлив е

Дарува од срце, но не зборуваме за материјални работи... Зборуваме за дарување на неговото внимание, време, труд или едноставно букет цвеќе или омилената чоколада.

Знае да ужива во животот

Жените сакаат мажи кои знаат како да се забавуваат и кои ширaт позитивна енергија.

Презема одговорност

Не ги обвинува други за своите проблеми и знае кога и каде погрешил.

9-dobri-naviki-na-mazhite-koi-bez-problem-osvojuvaat-zheni-02.jpg

Не се жали и не оптоварува со своите трауми

Жените не се терапевти и немаат обврска да го „лекуваат“ мажот од минатите трауми и лоши искуства. Важно е еден маж да има емоционална стабилност.

Се труди да ја запознае како личност

Тој се интересира за неа вистински и сака да загребе под површината.

Има добри хигиенски навики

Како што жените обрнуваат внимание на својот изглед, така го ценат добриот изглед и хигиената и кај мажите.

Не ја навредува, ниту пред неа ги навредува поранешните девојки

Лошото однесување се памети, плус жените зборуваат меѓусебно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg