„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“

„Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот, во нив сè уште живее. Иако не одат често на журки, како некогаш, журката е во нив. Светот би сакал да ги смести некаде – во кујна, со деца, во раѓање. И тие сакаат и таму да бидат, но се толку заљубени во слободата...“

ima-zheni-shto-go-zhiveat-svojot-rokenrol-so-niv-nikogash-ne-znaesh-na-shto-si-01.jpg

Српскиот писател Стефан Симиќ пишува на секоја можна тема и секојпат допира до срце.

Сега пишува за оние посебни жени, малку луди, многу нескротливи, едноставно посебни.

Неговата објава гласи:

„Има жени што го живеат својот рокенрол.
Колку и да го има сè помалку во светот, во нив сè уште живее.

Иако не одат често на журки, како некогаш, журката е во нив.

Толку лесно ги понесува музиката, затоа што тие самите се музика.
Толку лесно ги понесува ритамот, затоа што тие се ритам.

Сè е песна.

Светот би сакал да ги смести некаде – во кујна, со деца, во раѓање.

И тие сакаат и таму да бидат, но се толку заљубени во слободата,
што би сакале и децата така да им растат.

Платонски сум заљубен во една таква.

Никогаш не сме имале ништо, веројатно и нема да имаме.
Но нејзиниот дух, појава, приказна –
како некој филм што не престанува да се прикажува.

Цела е насекаде, иако ѝ се чини дека не е никаде.

ima-zheni-shto-go-zhiveat-svojot-rokenrol-so-niv-nikogash-ne-znaesh-na-shto-si-02.jpg

Сакам да ја гледам, да ја слушам, иако ретко сум ја гледал и слушал.
Повеќе од страна.

Таа е едно од оние чуда што не се свесни доволно за себе.
И би можела сè што чувствува, живее – да го снима или запише.

Наместо тоа, се срами.
А тоа е најубавиот можен срам.

Оној возвишениот.

Во неа истовремено живее и момче, и девојче.

Во неа живее чувство за правда, такво што секому би дала по заслуга,
а истовремено таков повик за мир,
што ако само би ја слушнале, би ги запрела сите војни.

Во некое минато време била Жана Д’Арк или некоја друга хероина.

Во ова време, за многумина е невидлива.
А за нас што сме ја сретнале неколкупати,
таа е тивoк копнеж што засекогаш ќе гори.

Во неа живее и жена, и другарка, и сопатничка, и воин, и Афродита, и уште многу нешта.
Во неа живеат илјада светови.
И во секој сум малку заљубен.

Наместо мажот на својот живот, често го шета кучето.
Наместо некаде да се слуша нејзиниот глас, повеќе разговара сама со себе.

Бескрајно интелигентна, сè забележува.

Тешко е да се сака, но уште потешко е да не се сака.
Да тргнеш по неа, е како да тргнеш по светот што секогаш ти бега.

Час е како мраз, час како оган.
Час е како вселена, во која живее бескраен немир.
Час е нирвана, што сè опива.

Тешко е да ги скроти нејзините бранови и да леташ на нив.
Малку те носи, малку те фрла.
Малку те крева, малку те спушта.
Па, никогаш не знаеш на што си.

Затоа ја сакаш од далеку.
Затоа ја сакам од далеку“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg