11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак

Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да избегне одговорности во домот и околу децата. Оваа тивка фрустрација некогаш е можно да кулминира... Преку глава им е да се чувствуваат како дадилка, домаќинка и психотерапевт.

11-iznenaduvachki-prichini-zoshto-nekoi-zheni-izbiraat-razvod-namesto-da-ostanat-vo-brak-01.jpg

Сè повеќе жени сфаќаат дека останувањето во брак кој повеќе не им одговара не е нивната единствена опција.

Иако причините за развод се лични и различни за секоја жена, многу од нив споделуваат слични чувства на незадоволство, па затоа се одлучуваат за развод.

Не се работи секогаш за драматични кавги и неверства... Понекогаш, тоа се тивки, суптилни проблеми што полека излегуваат на површина.

Зошто жените се одлучуваат за развод:

Повеќе не се истата личност

Со тек на време, жените се менуваат и растат, додека партнерот останува ист – разликите стануваат огромни.

Се омажиле под притисок или затоа што сметале дека „време им е“

Многу жени се венчаваат поради очекувањата од семејството, партнерот или општеството, а не поради вистинска желба.

Ги жртвувале своите соништа

Кариера, патувања или лични цели оставени на страна заради брак и семејство може да бидат причина за фрустрација, а чувството на изгубен личен идентитет расте од ден на ден.

Се чувствуваат како дадилка, домаќинка и психотерапевт

Сите обврски паѓаат врз нив, додека партнерот не покажува иницијатива околу обврските во домаќинството.

Се соочуваат со „селективна неспособност“ на партнерот

Партнерот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да избегне одговорности.

И пријателките се разведуваат

Гледајќи блиски жени како се ослободуваат од токсичниот брак и стануваат посреќни по разводот, добиваат храброст и тие самите.

Го гледаат негативното влијание врз децата

Живот во токсичен брак носи штета и за децата, и за сите вклучени.

Постојаните расправии станале „нормала“

Секојдневниот ритам со конфликти станува исцрпувачки и без излез.

Го гледаат бракот како мачна обврска

Идејата за уште 30 години во несреќен брак им станува неподнослива.

Станале само цимери со партнерот

Љубовта и блискоста исчезнале, останале само секојдневните обврски.

Постојано внимаваат што и како ќе кажат

Секој разговор е можен конфликт и психичкиот товар им станува преголем.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава