5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски

Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓето остануваат во токсични врски?

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-01.jpg

Некои луѓе без двоумење го напуштаат партнерот кој само им штети и не ги прави среќни.

Но, за некои ова е многу потешко – тие остануваат во токсична врска, дури и кога се свесни дека партнерот ги прави мизерни.

Пет можни причини зошто го прават тоа:

Имаат ниска самодоверба

Ниската самодоверба може да биде една од причините зошто некој останува со партнер кој не го прави среќен.

Луѓето со ниска самодоверба не се вреднуваат себеси и мислат дека не заслужуваат нешто подобро.

Самите се свои најголеми критичари, па дури и се лажат дека си го заслужиле лошиот и токсичен однос од партнерот.

Истовремено, нема да му се спротивстават на партнерот кога ги третира лошо.

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-02.jpg

Страв им е да бидат сами

Некои луѓе мислат дека е многу подобро да бидат во токсична врска, отколку да бидат сами.

Мислат дека ако се без партнер, ќе се чувствуваат мизерно и не се свесни дека со тоа што остануваат во токсична врска всушност си прават полошо.

Луѓето кои имаат страв да бидат сами мораат да научат дека нивната среќа не потекнува од никој друг, туку од самите себе.

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-03.jpg

Се надеваат дека ќе го променат партнерот

Многу луѓе живеат во заблуда дека ако се трудат и му дадат доволно време, партнерот ќе се промени.

Но, во реалноста, токсичните луѓе ретко се менуваат.

Па, тие само ќе чувствуваат фрустрација, но нема да се охрабрат да го остават партнерот.

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-04.jpg

Страв од финансиска нестабилност

Ако некој е финансиски зависен од својот партер, не е чудно да се плаши да го остави, дури и во екстремни ситуации, кога е вклучено и физичко насилство.

Ако сте во ваква ситуација, важно е да побарате поддршка и помош од вашите сакани.

Размислете за вашите квалитети и како можете сами да си ја обезбедите финансиската стабилност, без да трпите токсичен партнер.

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-05.jpg

Не веруваат дека токсичната врска им штети

Не залудно велат дека љубовта е слепа.

Некогаш луѓето потсвесно знаат дека нивната врска е токсична и дека партнерот им штети, но тие сепак го сакаат.

Притоа, ќе бараат и изговори за лошото однесување на партнерот.

И, поради ова, тешко им е да се соочат со вистината и да сфатат дека се несреќни.

5-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ostanuvaat-vo-toksichni-vrski-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg