Нова врска?

vrskaВашата претходна врска завршила... Дали сте навистина подготвени за нова врска, или...

...сеуште е прерано?

Еве некои показатели за тоа дека сте подготвени за нова љубов.

1. Не се чувствувате виновни поради новата врска. Кога сте во друга врска, се навикнувате да за себе размислувате како за дел од парот. По раскинувањето со саканата личност таа навика останува јака уште некое време, па ако почнете да се гледате со некој можете да почувствувате вина. Нормално е тоа чувство да се појави, но со време тоа поминува. Тогаш кога повеќе нема да се чувствувате виновниvrska бидејќи се гледате со некого, подготвени сте за нова врска.

2. Не сте повеќе бесни. Бесот е совршено нормално чувство по раскинувањето. Вие сте добра личност и не заслужувате такво нешто лошо да ви се случи и сте бесни на случувањето. Тогаш кога ќе прифатите дека околностите под кои се прекинала вашата врска се тие какви што се, дека вие тука веќе ништо не можете да сторите и дека е време да одите понатаму, тогаш кога ќе го отфрлите бесот како нешто што ве задржува во болката и не ви дозволува да продолжите со својот живот и повторно да ја најдете среќата, подготвени сте за нова врска.

3. Повеќе не живеете во сеќавањата на претходната врска. Некогаш луѓето се „заглавуваат“ во сеќавањата на претходната врска, било повторно да ги доживуваат убавите моменти или се обидуваат да ги заборават лошите. Секако дека не треба да се заборави претходната врска и сигурно дека повремено ќе се присетувате на убавите моменти со личноста која сте ја сакале или ќе ги употребите лошите сеќавања како опомена од која нешто ќе научите, но треба да престанете да живеете во минатото ако навистина сакате врската да ви успее.

4. Добро се чувствувате кога сте сами. Тогаш кога сте среќни сами со себе, кога и без партнерот или партнерката имате живот во кој уживате-имате своја работа, интереси, пријатели со кои се гледате, хоби, уживања-тогаш сте способни за нова врска.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg