14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените

Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова.

14-potsetnici-za-singl-zhenite-vo-presret-na-denot-na-vljubenite01.jpg

За вљубените, Денот на вљубените може да биде најубавиот празник. Но, оние кои се сингл може и да го презираат.

Ако сте сами овој Ден на вљубените, не значи дека е крај на светот.

Ако сакате да најдете љубов, сигурно ќе ја најдете кога ќе дојде време за тоа.

А, ако ви е тешко да се ослободите од лошите мисли, можеби ќе ви помогнат следниве потсетници:

1. Се наоѓате токму каде што треба да бидете и не сте поназад од другите околу вас само затоа што немате партнер.

2. Не сте должни да им објаснувате на другите зошто сте сингл.

3. Вашиот љубовен статус не треба да им биде од интерес на другите.

4. Луѓето можеби ќе ве осудуваат и ќе имаат погрешно мислење за вас – игнорирајте ги.

14-potsetnici-za-singl-zhenite-vo-presret-na-denot-na-vljubenite-02.jpg

5. Во ред е да сакате да бидете сингл.

6. Во ред е и ако не ви се допаѓа тоа што сте сингл.

7. Вашето време исто вредно колку и на другите.

8. Неуспешните врски од минатото не ве дефинираат како личност.

14-potsetnici-za-singl-zhenite-vo-presret-na-denot-na-vljubenite-03.jpg

9. Кога ќе бидете во среќна врска, ќе има мигови кога ќе ви недостасува и овој период од животот.

10. Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите себеси – искористете го ова.

11. Кога ќе излезете на состанокот, не се фокусирајте премногу на тоа дали му се допаѓате на мажот – размислете дали тој ви се допаѓа вам.

14-potsetnici-za-singl-zhenite-vo-presret-na-denot-na-vljubenite-04.jpg

12. Не треба да се венчате, да имате деца или да бидете во врска за да бидете исполнети.

13. Немојте да трпите непочитување од некој маж само затоа што сакате да најдете партнер.

14. Вие вредите многу повеќе отколку што мислите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg