„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – Згрешив ли?“

Вреди ли да се стави крај на бракот за неверство што се случило пред 20 години? „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе настрана и ми кажа дека треба да имаме искрен разговор во врска со тоа што се случило за време на факултетските денови. Дознав дека ме изневерувала со најмалку 10 мажи, а со некои од нив уште одржува контакт“ - вели овој очаен маж.

se-razvele-po-20-godini-brak-otkako-mazhot-doznal-deka-soprugata-go-izneveruvala-za-vreme-na-fakultetskite-denovi-01.jpg

Татко на две деца поднел барање за развод од сопругата со која бил во брак 20 години, откако ја открил вистината за нејзините „луди години“ додека била на факултет.

Во објавата споделена на Reddit, тогаш 43-годишниот маж опишал дека еден искрен разговор со неговата сопруга го навел на тоа да сфати дека тие двајца повеќе не можат да бидат заедно.

Тој нагласува дека со сопругата почнале да се гледаат уште за време на средношколските години, но две години додека биле на колеџ во различни градови имале врска на дистанца.

Потоа се преселиле во ист град и на ист колеџ и почнале да живеат заедно, па сѐ било во најдобар ред во наредните две децении.

Работите се промениле минатата година кога за Божиќ кај нив на гости дошле некои од колегите од факултет на неговата сопруга.

Нејзината поранешна цимерка споменала дека е луд фактот што тој и неговата сегашна сопруга се запознале во средно училиште, имале неколку авантури за време на факултетот и на крајот пак завршиле заедно.

„Се правев дека сѐ ми е јасно, па дури и реков дека не сум знал дека мојата сопруга била подеднакво луда како мене“ - раскажува сопругот.

По ова цимерката почнала да раскажува приказна за факултетските доживувања на неговата сопруга, но таа пресекла и рекла дека разговорот ѝ е непријатен.

Сопругот, насетил дека неговата сопруга се обидува нешто да скрие, па пред сите присутни нагласил дека тие почнале да се забавуваат уште во средно училиште и дека за време на „лудите факултетски денови“ на неговата сопруга тие сепак биле во врска.

„Сите пријатели на сопругата замолчеа, а остатокот од вечерата беше непријатен.

На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе настрана и ми кажа дека треба да имаме искрен разговор во врска со тоа што се случило за време на факултетските денови“ - пишува мажот.

se-razvele-po-20-godini-brak-otkako-mazhot-doznal-deka-soprugata-go-izneveruvala-za-vreme-na-fakultetskite-denovi-03.jpg

Тој искрен разговор бил наредниот ден.

Сопругот дознал дека „таа спиела со најмалку 10 различни момци, вклучувајќи и тројца кои му ги претставувала како пријатели“.

Таа рекла дека во тоа време не сметала дека нејзините авантури се неверства, бидејќи тие двајца биле на далечина и не мислела дека таа средношколска љубов ќе трае.

Тогаш открил дека таа сè уште е во контакт со еден од мажите со кои спиела во тој период.

Тоа била „последната капка“, па мажот набрзо потоа решил да поднесе барање за развод.

И покрај тоа што семејствата се обидувале да го разубедат, тој останал на својот став.

se-razvele-po-20-godini-brak-otkako-mazhot-doznal-deka-soprugata-go-izneveruvala-za-vreme-na-fakultetskite-denovi-02.jpg

„Да ме изневерува со повеќе мажи со години, е неприфатливо, без разлика кога се случило, а фактот што таа продолжила да одржува врски со тие момци, беше вистинско непочитување.

Имаме две деца, но тие имаат 17 и 19 години и верувам дека ќе разберат зошто се разведуваме“ - вели тој.

По искреното споделување на Reddit, и корисниците го поддржале мажот и не оправдуваат простување на постапките на сопругата.

„Таа ве измамила и лажела, а потоа одржувала контакт. Тоа не само што е нечесно, туку и сурово… Којзнае што друго направила“ - стои во еден од коментарите.

Што мислите вие? Вреди ли да се растури бракот за неверство што се случило пред 20 години?

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава