Познајте го секс - ловецoт

Додека додворувањето е однесување на човек кој сака да постигне сериозен однос, заведувањето е однесување на еден човек кој има скриена цел.

 

Иако личноста се претставува како некој кој сака сериозна врска, таа бара нешто друго. И кога ќе успее да ја постигне својата скриена цел, таа ги губи сите понатамошни интереси за личноста околу која толку се трудела.

Многу често се чини дека таа скриената цел е сексуален однос. Обично, по неколку сексуални односи оваа личност се "лади" и се повлекува од врската која е на самиот почеток. Таквото однесување води до тоа да другата страна, жена или маж, да се почувствува изневерен, измамен, искористен.

Меѓутоа, она што овие луѓе бараат во еден љубовен однос не е секс, туку чувството дека се атрактивни, вредни, посакувани и дека заслужуваат да бидат прифатени.

Тие мислат дека ако успеат да привлечат одредено лице, на некој начин ја poznajte-go-seks-lovecot1потврдуваат својата сопствена вредност и се чувствуваат подобро. Но, дури и кога успешно ќе привлечат друг или друга, тие не успеваат долго да го задржат чуството на личните вредности.

Како да не се ни свесни за тоа дека бараат чувство на лични вредности каде што не може да се најде, заклучуваат дека во партнерот не можат да најдат доволно мотивација за да останат и така продолжуваат понатаму да бараат привлечност и да шармираат и освојуваат други луѓе.

Колку повеќе личноста се чувствува помалку вредна и привлечна, толку повеќе чувствува поголем импулс да го докаже тоа. Најчесто мажите во своите 40-тите години, што ги "тресе" криза на фактот дека се наоѓаат во средната возраст, се добар пример за тоа.

Вечерите се претвораат во лов на "парчиња" на помлади жени и девојки, чие освојување би ја афирмирало нивната сексуална моќ. Кога е пленот е фатен, се става "цртка" и сите натамошни интереси за таа личност се губат.

Никогаш оваа трансформација на личноста не е многу голема: шармантниот господин се претвора во мрзлив и здодевен тип. Шармот беше само начин да се фати пленот. И како што кажуваат кинезите: "Што ни треба стапица кога зајакот е уловен."

Иако се даде пример на човек во своите 40ти години, сексуалното ловење е однесување кое е можеби уште повеќе изразен кај помладите мажи.

Но, не само мажи. И многу девојки и жени сакаат да ја потврдат својата привлечност и сопствената вредност на овој "пазар". И во моментот кога ќе го добијат она што го сакаат, но не се чувствуваат исполнето, тогаш повторно се ладат за повторно да се загреат за некој друг.

Други имиња за сексуалниот ловец се "женкар", "швалер", "промискуитетна личност" и слично. Некогаш другите дури им завидуваат на тоа. Денес тоа се смета за знак за емоционална незрелост, бегање од емоционално врзување, а понекогаш и знак на вистинска зависност од секс.

Ако сте во потрага по современ а добар партнер, тогаш секс - ловецот  дефинитивно не е добар кандидат за вас.

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg