Како преку неверството?

kako-da-go-preziveete-neverstvoto-povekjeСамо неколку работи можат да бидат поболни и понижувачки од сознанието дека вашиот партнер ве изневерува. Самото чувство на предавство, бес...

 

...и тага можат навистина да ве скршат.

Доколку со овие чувства не се справите соодветно, процесот на лечење може и никогаш да не се случи.

Иако некои врски ги преживуваат неверствата, многу е важно како ќе се справите со неверството, а никогаш да не зажалите за одлуките кои во моментот на сознанието сте ги донеле.

1. Застанете и размислете. Во моментот можете да се почувствувате под притисок да реагирате или да одговорите на фактот дека партнерот ве изневерува, но важно е да донесете рационална одлука за следните чекори.

Дознавањето на неверство е емоционална траума и може да ви треба некое времеkako-da-go-preziveete-neverstvoto за да можете јасно да размислите и да ги пресметате вашите следни чекори.

Доколку си го дозволите ова време, тогаш тоа ќе биде одлука за која никогаш нема да зажалите или да ја преиспитувате.

2. Консултирајте се со професионалец. Откако ќе си дозволите да се соочите со фактот и да размислите за тоа што се случило, ќе ви треба некој со кој ќе можете да ги споделите своите чувства.

Иако е убаво ова да го направите со своето семејство или пријатели, имањето на објективно мислење и непристрасен слушач може да ви помогне да се соочите со вашите чувства и да донесете здрава одлука.

3. Разговарајте со партнерот. Откако ќе имате шанса навистина да го испроцесирате тоа што ви се случило и да ги испитате своите чувства, одвојте време на вашиот партнер да му кажете што мислите.

Поставете си некои основни правила пред разговорот, како на пример да го замолите партнерот да ве ислуша и да не ве прекинува додека не завршите.

4. Најдете ја причината за неверството. Иако вие не сте кривецот за аферата, повеќето афери се случуваат како резултат на проблеми во врските.

Испитајте ја вашата врска, и работете на тоа да ги откриете и решите проблемите поради кои можеби и се случило неверството.

5. Донесете рационални одлуки. Откако ќе ги издискутирате вашите чувства и ќе ја преиспитате вашата врска ќе морате да донесете пресметана одлука за што понатаму.

Можеби ќе сакате да ја сочувате вашата врска или можеби ќе сакате да ставите крај. Врските можат да бидат спасени после неверство, но ќе морате да се одлучите да му верувате и простите на вашиот партнер и да се фокусирате на иднината.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg