Сте се запрашале ли на кој тип на љубовник спаѓате?

Сигурно некогаш ви дошло на памет да се запрашате каков љубовник сте? Сакате ли повеќе пријателски односи или  повеќе навивате за диви, непредвидливи...

 

 

...начини на водење љубов?

Дали си го дадовте одговорот? Бевте  реални или пристрасни? пронајдете се во еден од шесте типови кои постојат.

2400-1223~Lovers-II-PostersЉубовта луѓето ја опишуваат на различни начини, а малку по несекојдневна е следнава поделба:

-    Комична љубов: имаш со кого, ама немаш со што.
-    Трагична љубов: имаш со што, ама немаш со кого.
-    Социјална љубов: имаш со повеќе, што немаат со кого.
-    Филозофска љубов: имаш со кого, имаш со што, ама немаш каде.

Интересно и вистинито. Можеме да речеме дека типови на љубов или онолку колку што има типови на луѓе. Малку помал е бројот на типови на љубовници.

1. Пријателски љубовник
Во љубовта вас ви е важно пријателството. Својот партнер затоа го прифаќате како најдобар пријател и уживате во негово друштво и близина. Во односот преовладува предаденост и доверба, а го развивате полека, но сигурно.

2. Посесивни љубовници
Зависни сте од својот партнер, повеќе одколку што веројатно сте и свесни. Сакате со него да владеете и да имате моќ да управувате. Кога вашиот однос би се променил, останувате скршени. Да го добиете вниманието на партнерот и тој да ви служи и да биде постојано околу вас би направиле секакви непромислени глупости.

3. Алтуристички љубовник
Ваш најголем приоритет преставува задоволството на партнерот. Кога се јавуваат несогласувања, брзо ги решавате. Ваши атрибути се посветеност, пожртвуваност и нежност. Во љубовта само давате, а ништо не очувате за возврат!

4. Романтичен (еротски) љубовникsexy
Опседнати сте со личноста во која сте заљубени и непрекинато мислите на неа. Чувствувате дека таа вас силно ве привлекува. Љубоморни сте, премногу допуштате и ви треба постојан доказ дека таа личност ве сака. Таквата љубов обично трае неколку месеци или година. После тоа доаѓа до општо гушење.

5. Практичен (разумен) љубоник
Имате логичен и практичен пристап кон личноста која ја сакате, а и на таков начин ја искажувате вашата љубов. Внимателно ја одбирате личноста до вас, и таа мора да негува заеднички интереси, да има слично образование и мора да ви одговара по вредностите и целите во животот. Вие играте на сигурно – барате совршена спојка, слична на вас со што очекувате помалку недоразбирања.

6. Холивудски љубовник

Во љубовта односите се насочуваат исклучиво на самите себе, важни ви се само вашите желби и задоволство. Она што ви недостасува е зрелост, близина и сигурност. Недостатокот се наоѓа во егоистичкиот став, и кон тежнеењето да вие бидете центар на внимание и ништо друго. Со ова покажувате дека не сте за сериозна врска.

Се пронајдовте ли некаде? Можеби. Сепак не заборавајте дека љубовта е жива материја која се менува и која се трансформира, развива и надополнува низ целиот животен тек, низ искуства, заедно со тоа како ние се менуваме, развиваме и нормално колку ја негуваме.

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg