„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година

„Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“, вели актерката Глен Клоус (77).

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-01.jpg

Денес, за разлика од минатото, многу работи се променети. Па, така, 60-тите се новите 45, а 50-тите години се доживуваат како нови 35-ти.

Луѓето го живеат животот во целост и не се откажуваат од различните задоволства, вклучувајќи го и сексот.

Прочитајте што откриваат познатите личности за интимниот живот после 50-тите години:

Салма Хајек, 57 години

„Сексот не е клучот за среќен брак, тоа е нешто што само го дополнува бракот. Иако не е секој ден! Ако тоа се случува секојдневно, сексот го губи својот шарм“.

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-06.jpg

Шерон Стоун, 66 години

„Мислам дека сексот не зависи од возраста, туку од односот со партнерот. Сексот заради секс сега не ми е интересен. На крајот на краиштата, како што старееме, сакаме гурманска храна, а не брза“.

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-03.jpg

Глен Клоус, 77 години

„Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините. Еден ден отидов дома, беше доцна навечер, а на улица имаше многу парови.

И го почувствував она што го чувствуваат сите овие парови. Ја почувствував нивната возбуда, чувство на интимност што требаше да се случи. Беше исклучително моќно.

Се чувствувам слободна и креативна, секси и желна како и секогаш. И тоа е иронично, зашто си помислувам: ’Колку време ми има останато‘?“

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-04.jpg

Џејн Фонда, 86 години

„Кога имав 74 години, го имав најисполнетиот сексуален живот од кога било. На крајот на краиштата, кога бев млада имав многу забрани, не знаев што сакам.

Не треба да мислите дека само затоа што сте достигнале одредена возраст, мора да престанете да бидете сексуално активни“.

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-05.jpg

Сузан Сарандон, 77 години

„Сексот е добар за вашата кожа, нели? За да останете млади и здрави, треба да ги отстраните токсичните работи и токсичните луѓе. Смејте се и имајте секс, ако сте доволно среќни да го најдете тоа“.

ispovedi-na-poznatite-dami-za-seksot-nad-50-tata-godina-02.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава