10 причини зошто бракот (за некои луѓе) е ужасна работа

„Не сакам брак затоа што мислам дека ќе изневерувам. Ќе се чувствувам заробено со жена која повеќе не ме возбудува како некогаш.“ „Сум била мета на емоционално и физичко злоставување и не би сакала да потпишам и да бидам врзана во брак со некој кој ме малтретира на каков било начин.“

10-prichini-zoshto-brakot-e-uzhasna-rabota-01.jpg

Луѓе на Reddit искрено откриваат зошто бракот за нив е ужасна работа и зошто никогаш не стапиле или никогаш повторно не би стаплие во брак.

Се разбира, тие имаат такви искуства и ставови и не значи дека бракот не може да биде среќен, квалитетен и да ви го промени животот на подобро.

Нивните објави зошто не им се допаѓа бракот:

„Затоа што со една плата не може да се одржува домаќинство, па така ние како жени треба да работиме, а плус да чистиме дома, да готвиме, да чуваме деца, да одржуваме домаќинство и да им кажеме на мажите ‘благодарам’ што ни помогнале, наместо да ја работат половина од работата дома.“

„Бев во брак и нема да бидам никогаш повторно, затоа што мажите не сакаат сопруга, туку сакаат мајка и слугинка.“

„Бракот ги менува луѓето, маските паѓаат, се губи романтиката и тоа обично завршува лошо.“

10-prichini-zoshto-brakot-e-uzhasna-rabota-02.jpg

„Затоа што бев изневерен во првиот брак и немам намера повторно да минувам низ тоа.“

„Бракот е ливче хартија за кое треба да плаќаш пари ако сакаш да го раскинеш. Навистина им завидувам на луѓето кои не се во брак и не треба да трпат глупости.“

„Бракот на моите родители не беше добар, беше некој тип на затвор за нив, па затоа јас не планирам да стапувам во брак, си ја обожавам слободата и независноста.“

10-prichini-zoshto-brakot-e-uzhasna-rabota-03.jpg

„Сум била мета на емоционално и физичко злоставување и не би сакала да потпишам и да бидам врзана во брак со некој кој ме малтретира на каков било начин.“

„Си ја сакам мојата рутина, чистиот дом и добриот секс. Искрено, не сакам некој да ми ‘рчи на уво навечер или да ми спие во креветот со нечисти нозе. Никогаш не сум сакала брак.“

„Не сакам брак затоа што мислам дека ќе изневерувам. Ќе се чувствувам заробено со жена која повеќе не ме возбудува како некогаш.“

„Сакам мирен и едноставен живот и не сакам некој да ми го комплицира, па да треба да се разведувам, да делам имот и да се влечам по судови.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg