Уникатна модна ревија на Ивана Кнез во скопска библиотека - Таа сликаше на своите креации, се читаше поезија
Под мотото „Библиотеката е во мода, во мода е да се чита“, нашата модна дизајнерка Ивана Кнез ја одржа својата најнова модна ревија во Скопје.

Станува збор за многу повеќе од модна ревија, туку мултимедијален настан кој отвора врата за една поинаква културна и модна сцена, спој на повеќе уметности во едно - мода, сликање, поезија, музика.


За ревијата која воодушеви, Ивана за CRNOBELO.com вели:
„Благодарна сум на Анета Механџиска што ме покани да бидам дел од ваков настан каде споивме литература, мода, музика, фотографија и видео во едно.


Презадоволна сум од самиот фидбек, публиката уживаше додека актерот Борче Начев читаше поезија, пееше заедно со Сања Тодоровиќ и внимателно ме следеше мене како сликам и моите модели кои чекореа низ библиотеката.
Во иднина би сакала да бидам иницијатор на повеќе вакви настани каде во фокус ќе е културата и забавата споени во едно“.


Погледнете повеќе фотографии од ревијата:








