На прагот од 60-тата Шеика Моза бин Насер е една од најголемите модни икони на светот (фото)

Таа е на листата на Forbes на 100 најмоќни жени во светот, а нејзиниот моден стил мами воздишки години наназад.

na-pragot-od-60-tata-sheika-moza-bin-naser-e-edna-od-najgolemite-stilski-ikoni-na-svetot-foto-01.jpg

Шеика Моза бин Насер ал Миснед (59) беше прва дама на Катар сè додека нејзиниот сопруг не се откажа од престолот во име на нивниот син.

59-годишната модна икона е една од трите сопруги на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Со него се омажила во 1977 година на 18-годишна возраст. Тој е еден од најбогатите луѓе на светот.

Таа е мајка на седум негови деца, 2 ќерки и 5 синови, од кои и моменталниот емир на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани.

Шеика е високообразована, политички влијателна личност, активистка и борец за човекови права. Во Катар влијаеше на донесување на низа реформи на поле на образованието, како и на зајакнување на интернационалните врски на оваа држава.

На чело е на неколку фондации, а се најде и на листата на Forbes на 100 најмоќни жени во светот.

Нејзиниот моден стил е впечатлив и беспрекорен и обожава да носи скапи модни парчиња од најпознатите светски модни куќи како Chanel, Givenchy, Dior и Valentino.

Нејзиниот моден стил:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg