„Божји очи“: Најубавата пештера во Бугарија на 100km од Софија (фото)

Проходна, позната и како „Божји очи“ е една од најубавите пештери во Бугарија, а се наоѓа на 100-тина километри од Софија. Наједноставно е да ја посетите со автомобил, но можете да најдете и дневни тури организирани од софиските туристички агенции.

bozhji-ochi-najubavata-peshtera-vo-bugarija-na-100-km-od-sofija-foto-01.jpg

Пештерата Проходна се наоѓа во близина на бугарското село Карлуково, на околу 100 километри од главниот град Софија.

Проходна е една од најпознатите пештери во Бугарија, а поради впечатливите дупки на горниот дел, неретко е нарекувана и „Божји очи“.

Се претпоставува дека пештерата се формирала пред околу 66 милиони години, а во минатото била полна со вода од реката Искар.

Во пештерата, која денес е заштитено природно богатство, се имаат снимано неколку филмови, вклучувајќи од американско и француско говорно подрачје. Покрај тоа, пештерата е посетена и од некои познати актери како Ед Харис и Колин Фарел.

Археолозите, пак, веруваат дека во минатото пештерата се користела како свето место за изведување разни ритуали.

А, за време на бомбардирања во Втората светска војна, многу локалци се криеле токму во пештерата.

Денес пештерата е популарна атракција, но и место кое мора да го посетат сите авантуристи – Проходна е популарно место за банџи скокање, за што се организираат и дневни тури.

Истовремено, пештерата е популарна и за љубителите на качувањето по карпи.

Долга е околу 260 метри, па внатре ќе поминете барем половина час.

Влезот е бесплатен и пештерата е отворена во текот на целата година.

Како што веќе спомнавме, пештерата се наоѓа на околу 100 километри од Софија и можете да одите со автомобил. Влезот се наоѓа на патот помеѓу селото Карлуково и гратчето Луковит.

На околу 100 метра од влезот на пештерата има и паркинг.

Ако немате автомобил, можете да се распрашате низ туристичките агенции во Софија бидејќи голем дел од нив нудат дневни екскурзии до пештерата.

Повеќе фотки од пештерата на следната страница …



Би можело да ве интересира:

На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg