Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите

Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се верува дека е старо околу 12.000 години. Кои други места во Турција се импресивни, а потценети од туристите?

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-01.jpg

Кога ќе се спомне Турција, меѓу првите асоцијации се Истанбул, Кападокија, баклава, злато, ценкање во продавниците и секако, турските серии.

Кога станува збор за местата кои им се омилени на туристите и кои најчесто ги посетуваат, тука се Сината џамија и Аја Софија, Памук кале, пештерите (и воздушните балони) во Кападокија. Тука се и луксузните all inclusive ресорти во Анталија и Бодрум, во кои доаѓаат туристи од целиот свет.

Но, земјата има многу други импресивни места и локации за кои повеќето туристи и не знаат дека постојат, па никогаш не ги посетуваат.

Затоа, пред да го испланирате следното патување во оваа земја која лежи на два континента, погледнете ја листата со интересни и импресивни места, кои сигурно ќе ви се допаднат.

Што сè можете да посетите во Турција?

Замокот Ризе

Градот Ризе се наоѓа во регионот на Црното Море и се смета за главен град на истоимената провинција.

Иако самиот град не е премногу импресивен, планината над него и замокот Ризе изгледаат неверојатно, без оглед дали е лето и сè е разеленето, или е зима и целата околина е покриена со снег.

Овој замок е изграден во византискиот период, помеѓу 527-565 година.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-12.jpg

Планината Нертмут

Позната е по огромните статуи изработени ви првиот век пред нашата ера, во времето на кралот Антиохиј.

Статуите се високи и до 9 метри.

Денес овој комплекс статуи е на списокот на УНЕСКО, на листата културно наследство.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-02.jpg

Античкиот град Пергамон

Овој историски локалитет се наоѓа во близина на Егејското море и градот Бергама.

Во античко време бил главен град на кралството Пергамон (281-133 година п.н.е) и шетајќи низ локалитетот ќе го почувствувате големото влијание на хеленистичката историја.

Од 2014 година, овој град е под заштита на УНЕСКО.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-03_copy.jpg

Тројанскиот коњ во Чанаккале

Градот во кој се одиграла тројанската битка е место каде што може да видите остатоци од античкиот град Троја.

Во чест на славната битка и историјата која и денес се раскажува, на пристаништето во градот е поставен Тројански коњ, истиот оној што беше користен за снимањето на филмот во 2004 година.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-07.jpg

Уште 5 локации на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg