„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“
Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање. Во авион никогаш не одете без долги чорапи и нешто по долги ракави, многупати сум се смрзнала. Кога закажувате лет со трансфер од еден во друг авион на аеродроми како Дубаи, Доха, Франкфурт или Истанбул, времето никако не треба да ви биде помалку од 2 часа.

Неда Нишиќ е Србинка, која се претставува како истражувач, студент на докторски студии, фриленс модел, дигитален креатор и вљубеник во патувања.
Оваа инфлуенсерка ја следат повеќе од 80.000 обожаваели, а на својот профил таа редовно објавува фотки и искуства од патувањата низ светот.
Таа исто така е зависник од вежбање како што вели, па на голем дел од фотографиите, го покажува своето фит извајано тело.
Но, она што е интересно овој пат, е тоа што сподели дека во последниве 3 години имала повеќе од 80 летови.
Од ова богато искуство таа научила повеќе трикови во однос на букирањето билети, но и за во самите авиони и аеродроми.
Прочитајте ги нејзините 10 лекции во продолжение:
1. Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање (посебно ако зборуваме за нискобуџетни компании), а исто така очекувајте попусти на важни датуми како црн петок или „travel“ вторник (оваа година е на 2 декември), како и на деновите кога авиокомпанијата слави свој роденден (ова е на пример случај со AirSerbia).
2. Сајтовите за пребарување летови кои ги користам се Google Flight, Skyscanner и Kayak (секогаш треба да поминете низ повеќе сајтовите бидејќи на Google нема секогаш да ви се појават сите нискобуџетни летови и сл)
3. Кај нискобуџетните компании како WizzAir и RyanAir онлајн check-in е задолжителен, во спротивно ќе платите околу 40 евра.
4. Во авион никогаш не одете без долги чорапи и нешто по долги ракави (независно од годишното време), многупати сум се смрзнала, дури и разболела, затоа што климата во авионот знае да биде пресилна.
5. Кога закажувате лет со трансфер од еден во друг авион на аеродроми како Дубаи, Доха, Франкфурт или Истанбул, времето никако не треба да ви биде помалку од 2 часа (можеби вие ќе стигнете, но вашите куфери нема), а за помалите авиони да не биде помалку од 1 час.
6. Во рачниот багаж никогаш не ставајте дезодоранси, запалки и големи парфеми, 100% ги одземаат.
7. Екстерните батерии и слични уреди се речиси секаде забранети во чекираниот багаж, смеат да се внесат во авионот и НЕ смеат да се користат. Но во некои подобри авиони постои можност да имаат USB влезови за полнење.
8. Мене никогаш не ми одземале храна, сè додека е во цврст облик и во нормални количини (ќе ви одземат протеински пудинзи, грчки јогурти и сладоледи).
9. Ако купувате во странство вредна роба, задолжително распрашајте се за поврат на данок на аеродром (дури и најмалите аеродроми имаат канцеларија што се занимава со тоа), во повеќето европски земји тоа е околу 10%.
10. Она што го забележав, а ми е потполно нелогично, е дека ако летот ви доцни, а за тоа сте известени благовремено, времето кога треба да дојдете на аеродром и да поминете на гејт, останува исто, така што осудени сте да дремете во чекална... Сепак можеби кога доцнењето е поголемо, можеби не е ваков случајот, јас сум искусила само со час до два доцнење.
М. М. | Црнобело