Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото)

Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за влез во Јадранското Море. Совршено за фотки, зарем не?

kako-vo-rajot-najubaviot-pristap-vo-more-preku-skali-se-naogja-vo-hrvatska-foto-01.jpg

Градот Мали Лошињ е град сместен на јужната страна од островот Лошињ, седмиот по големина остров на Јадранот.

Поради својата блага медитеранска клима и огромниот број растителни видови што растат на него е познат како вистински рај.

kako-vo-rajot-najubaviot-pristap-vo-more-preku-skali-se-naogja-vo-hrvatska-foto-02.jpg

Едно од најубавите места на островот Лошињ е заливот Чикат, каде има изградено неверојатни вили.

Заливот Чикат е популарна дестинација за туристи поради убавата природа, борова шума и кристално чисто море.

Таму има и голем камп „Чикат“, кој се наоѓа блиску до градот Мали Лошињ.

Овој бисер на Јадранското Море до крајот на 19-тиот век бил запуштен, а потоа следело пошумување и во 1992 година е прогласен за парк-шума, чии стогодишни дрвја кријат бројни пешачки патеки, а меѓу најпопуларните е онаа покрај самото крајбрежје што поминува покрај луксузни хотели и познати вили на австриското благородништво.

Меѓу нив, со својата убавина особено се истакнува втората по ред изградена вила - вилата Каролина, која во 1889 година ја проектирал познат виенски архитект.

kako-vo-rajot-najubaviot-pristap-vo-more-preku-skali-se-naogja-vo-hrvatska-foto-03.jpg

И покрај луксузот, богатата архитектура и историјата, денес најпопопуларни од самата вила се скалите што се наоѓаат под нејзината градина и кои се сметаат за најубавиот влез во Јадранското Море.

Како вистинско парче од рајот, зарем не?

Повеќе идеи што да правите во Лошињ ТУКА...

С. с. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србин се жали - кога ќе ја послушаш жена ти да отидеш во Париз во лето на 40˚C, наместо на море: „По... „Како ми е во Париз среде лето?! Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да ода...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава