Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото)
И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни допираат со уредени полиња и полјани... Но, наше е и не го цениме - некако по навика, зарем не?

Ајватовци е малo село со околу 240–250 жители, а од центарот на Скопје е околу 16–17 километри оддалечено.

Препознатливо е по црквата Св. Петар и Павле.


Викендов се најде на мојата листа за посета и бев воодушевена.
Искачив 362 скали, го видов најсредениот црковен комплекс со летниковци и уредено зеленило, како и совршен панорамски поглед на цело Скопје и околината.


Инаку, има пристап и од друга страна со автомобил до уреден паркинг.


Понекогаш едноставно забораваме да го цениме она што е наше, зарем не?
Почувствувајте ја атмосферата преку фотки:


