Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото)
Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посебен шмек – украсени камени улички, Дедо Мразовци, светилки и лампиони. Вреди да се посети...

Едно од најубавите и најмагични божиќни селца, всушност и не е толку далеку од нас и не е на толку ладна дестинација.
Локоротондо е селце во Италија, во регионот Апулија, а може да стигнете дотаму така што ќе летате до Бари, а оттаму на 70km се наоѓа ова магично место.
Традиционален италијански шарм, но и многу светилки, божиќни украси, црвени панделки и Дедо Мразовци, ќе видите насекаде низ уличките на ова прекрасно место.
Локалците си ги украсуваат своите куќи и локали, но во свој дух и стил, па целото село има некаква хармонија и топлина, што создава магична атмосфера.
