Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно место, го обожавам Скопје“
„Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држави во Европа, ако не и омилена. И ќе се вратам пак“, вели Киран од Лондон, кој објави дваесетина видеа и го споделува воодушевувањето од земјава.

Киран Браун од Лондон патува низ светот и во моментов е во Косово, што е 160-тата држава што ја посетил.
А таму дојде од Македонија (159-тата земја на неговата листа), каде што помина неколку дена.

Тој прво го посети Скопје, а потоа Охрид и Струга, и не го криеше своето воодушевување од земјата.
Во скоро секое видео што го објави од Македонија, тој нагласуваше дека тука дошол без апсолутно никакви очекувања, дека не знаел ништо за нашата култура, традиционалната кујна, за историјата, а дека толку многу му се допаднало сè што видел, што ја нарече земјава „Неговата омилена држава во Европа“.

Патувањето низ Македонија го почна од Скопје, па откако го претстави апартманот каде што беше сместен, тој замина во теретана во населбата Аеродром. И одејќи натаму, наиде на познат секс-шоп.
„Скопје е толку чудно место, го обожавам. Се шетам и гледам дека има секс-шоп во подземен премин долу под улица.
Каков чудак ќе се симнува надолу? Колку чудно место. Каде оди овој пат? Има толку кул работи во оваа земја“, вели тој во видеото.

Киран посети неколку места да пие кафе, седнат на плоштадот зборува за Воинот на коњ и објаснува зошто кај нас статуата на фонтаната го носи тоа име, велејќи дека во реалноста тоа е Александар Македонски, но дека името морало да се смени поради добрососедски односи.
Пробува и гравче тавче, а како Британец, кој јаде грав со популарниот англиски појадок, вели дека не очекувал вкусот да е толку подобар од нивниот грав.

Киран оди и на Матка, но и во ресторан покрај река и ужива во природата и погледот што се пружа таму.
Следна станица му е Охрид, каде што се пофали дека за 200 денари вежбал во теретана и иако е со ретро справи како во минатото и воопшто не е модерна, уживал во времето поминато таму.

А во Охрид се воодушевуваше и на езерото, кафето испиено на платформа покрај вода, архитектурата и секако - храната. Јадеше бурек со јогурт, но и скара во познат ресторан.
Ја посети и Струга, која рече дека сепак за нијанса му се допаднала малку помалку од Охрид, но го освоила со чистата вода на Црн Дрим, кафулињата покрај реката и смирениот дух на градот.

„Ова се моите финални размислувања за Македонија, пред да ја напуштам земјата и да тргнам кон Косово.
А има ли подобро место за снимање отколку пред оваа убава брана?
Пејзажите се неверојатни. Буквално сум во ‘недојдија’ и толку е убаво... А, да, моите крајни размислувања...
