Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно место, го обожавам Скопје“
Мислам дека Македонците се екстремно пријателски настроени. Храната е фантастична.
Не знаев ништо за македонската кујна пред да дојдам, а е многу, многу добра.
Во земјата дојдов без очекувања, а ја напуштам како една од моите омилени држави во Европа, ако не и моја омилена.

Цените се многу пристапни. Ако размислувате да патувате низ Европа преку лето, најтопло препорачувам да дојдете тука, затоа што никој не доаѓа овде, се наоѓа под „туристичкиот радар“, а ако дојдете тука, сигурно ќе фатите една од последните прилики пред да почнат да доаѓаат стотици туристи, а ќе почнат, зашто е едно од оние места...
Ќе ми недостига ова место и ќе се вратам, сигурно“.
